• вторник, 17 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

21 декември 2023 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/11:00)

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити, директорката на Клиниката за детски болести, Стoјка Нацева-Фуштиќ и претставникот од Асоцијацијата на цистична фиброза Фики Гаспар ќе одржат прес-конференција по повод пристигнувањето на лекот трикафта за пациентите со цистична фиброза. (Влада на Република Северна Македонија, медија центар/11:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе одржат работна средба со претставници на Шумската полиција и МВР на тема „Успешни акции заплена на дрва за огрев 2017-2023“.инистерство за земјоделство/10:00, изјави за медиуми/10:40)

Скопје - Заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу и деканот на Филозофски факултет Ратко Дуев ќе се обратат на дебата на тема „Улогата на науката за безбедност и истражувањето во отпорноста, безбедноста и одржливиот развој на општеството“ во организација на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. (Филозофски факултет/11:00, изјави за медиуми пред дебатата)

Скопје - Директорот на Царинската управа Стефан Богоев и помошник директорот на Секторот за меѓународна соработка и европска интеграција, проекти и стратешко планирање Златко Ветеровски ќе одржат предавање на тема "Улогата и значењето на Царинската управа на Република Северна Македонија". (Мултимедијален центар на УГД, Економски факултет/11:00)

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го одржи последниот јавен состанок за 2023 година. (АВМУ, конференциска сала на вториот кат/11:00)

Скопје - 49. сесија на Клубот на истражувачите. (Простории на Народната банка/14:00)

Скопје - Дискусија „Growth Plan for the Western Balkans: How to make it work for all?“ во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ). (х.Панорамика Дизајн и Спа/13:00)

Скопје - Струковиот Синдикат на контролорите на летање ќе одржи прес-конференција во врска со најавениот шрајк. (Објект на М-НАВ А.Д. Скопје/14:00)

Скпје - Завршна конференција со панел дискусија на тема „Еднакво учество на лицата со попреченост во политичкиот и јавниот живот во организација на Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА. (х.„Мериот“/11:00) 

Скопје -  Конференција „Woman Leadership - Breaking the "Glass Ceiling" by Bridging the Gender Gap” или „Женско лидерство - како да се скрши стаклениот покрив за надминување на родовиот јаз“ во организација на Едукативниот центар М6. (М6 Едукативен Центар/10:00)

Скопје - Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ќе одржи прес-конференција. (Клуб на новинари/10:30)

Скопје - Прес-конференција по повод 100+бесплатни обуки „Вештини за успех“ реализирани во рамки на платформата Youth Empowered на Пивара Скопје АД за поддршка на младите. (Пивара Скопје АД/11:00)

Скопје - Aкција на младите на Европски сојуз за промена. (Пред Министерство за политички систем/13:00)

Скопје - Театар Комедија ќе ја промовира книгата „Етика: Уметноста на глумецот и на режисерот“ од Константин Станиславски. (Бистро Комедија/12:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“. (Национална галерија, објект Даут пашин амам/19:30)

Скопје - Прес-конференција по повод  детскиот музички спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз“ кој го организира Прагма продукција. (МИА Прес центар (кај Рекорд)/10:00)

Скопје - Меѓународен фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. (Кинотека на Македонија/20:00)

Скопје - Оркестарот на Македонската филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Бескрај“ на кој како солистка ќе настапи бугарската виолинистка Албена Данаилова. (Филхармонија/20:00)

 

__________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан