• петок, 05 декември 2025
МИА Најави - МКД

14 септември 2025 

Скопје - Во рамки на одбележувањето на Денот за пензиска свесност – 15 Септември, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) ќе одржи настан на кој граѓаните ќе имаат можност да се информираат за своите права во пензискиот систем. (Втор дел на Градски парк, спроти паркот за кучиња/11:00-13:30)

Скопје - Продолжува циклусот поетски читања „Поетска епизода“ на фестивалот „Комшилук“, во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. (село Побожје/11:30-12:30)

Скопје - Второ Државно квиз првенство на Македонија во организација на Македонската квиз асоцијација (МКА). (Работнички универзитет „Кочо Рацин“/11:00)

Скопје - Промоцијата на дебитантската збирка поезија „Антисвет“ од поетесата Ана Тодоровска во рамки на фестивалот „АртАреа/Артерија“ #9. (Кафе-книжарницата „Буква“/19:00)

Битола - Концерт во рамки на музичкиот караван „Македонијо, во срце те носиме“. (На платото пред Офицерскиот дом/20:30)

Скопје - Културната иницијатива „Една песна, една Европа“, во организација на „WeBalkans“ во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.  („Јуроп хаус“/20:00)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

Остани поврзан