• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД

28 мај 2024

Скопје – Конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје – Прва јавна дебата во рамките на Институтот Хајделберг во Скопје, со присуство на Германска делегација од Франкфурт на тема: „Германското дуално високо образование и врската со бизнис секторот“. (во просториите на Хајделберг Факултет во Скопје: (https://maps.app.goo.gl/UdBAAvVgVwmr5sDx9)  / 11:00)

Штип – Универзитетот „Гоце Делчев“ организира Отворен и кариерен ден. (во Мултимедијалниот центар на Економски факултет – Штип/ 10:00, изјави за медиумите/ 9:45)

Скопје – Триглав пензиско друштво АД Скопје организира заедничко бранч дружење во чест на петгодишнината од постоењето на Друштвото. (х. „Панорамика“, Сина конференциска сала/ 12:00)

Скопје – Кафе разговор за менструалната сиромаштија во пресрет на Меѓународниот ден за подигнување на свесноста за менструалното здравје во организација на Новинари за човекови права.( простории на Новинари за човекови права/ 13:00)

Скопје – Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје организираат конференција за одбележување 85 години од раѓањето на професор Ѓорѓи Марјановиќ насловена „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“. (Правен факултет „Јустинијан први“/ 12:00)

Скопје – Концерт на „Хрватски гитарски квартет“ во Македонската филхармонија. (на големата сцена во Македонската филхармонија/ 20:30)

Скопје – Во рамките на престижниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“ на сцената на Националната опера и балет ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ. (НОБ/ 20:00)

Скопје – Портрет на поетот Бранислав Матиќ. (во просториите на Српскиот културно информативен центар СПОНА/ 19:00) 

Струмица – Македонска турнеја на Петар Денчев за „Малиот бог на земјотресот“. (Europe House – Струмица/ 19:30)

Скопје – Промоција на книгата „Социолингвистика“ од Александра Ѓуркова. (Салон Империјал 2/ 19:30)

Скопје – Отворање на изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје. (Музеј на современата уметност/ 20:00)

Штип – Изложба од Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“. („Галерија 22“ на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“/ 12:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан