• сабота, 04 мај 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

14 февруари 2024 

Брисел - Втор ден од посетата на техничкиот премиер Талат Џафери на Брисел. 

Хаг - Министерот за правда Кренар Лога ќе присуствува на церемонијата за потпишување на Љубљанско-Хашката Конвенција. (Палата на мирот) 

Скопје - Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерoт за образование и наука Јетон Шаќири ќе извршат увид на новоизграденото основно училиште „Визбегово“, во Општина Бутел. (ул. Смилевска б.б, село Визбегово, Општина Бутел, Скопје / изјави за медиуми/11:00 )

Скопје - Средба на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов со министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски. (зграда на ССМ, изјави за медиуми/15:15, инсерти од состанокот/15:10)

Куманово - Прес-конференција на претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. (пред простории на ЈП Чистота и зеленило Куманово, ул.„Братство-Единство“ бр.30/12:30)

Кавадарци -  Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе присуствува на традиционалната манифестација на закројување на лозјата во чест на Св. Трифун - заштитникот на лозарите и винарите. (село Марена/ 10:00, изјави за медиуми по завршување на церемонијата)

Скопје - Агенцијата за млади и спорт ќе одржи прес-конференција по повод сребрениот медал на неодамнешното ЕП во карате на Витомир Трајковски. (АМС/11:00)

Скопје - Изложба на новопримени автори во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. (галерија во Домот на Армијата/20:00)

Скопје - Хитовите на Френк Синатра во изведба на Џон Илија Апелгрен и Националниот џез оркестар. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ - Скопје ги организира 22-те Дебармаалски серенади. (17:00-20:00) 

_________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан