• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

 11 април 2023

Скопје – Протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери со новоименуваната германска амбасадорка, Петра Дрекслер. (Собрание/Стар кабинет/ 10:00)

Скопје – Прес-конференција на пратеникот Љупчо Балкоски на тема „Предложените закони во врска со изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10”. (Собрание/Прес-центар/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на пратеникот од Левица, Борислав Крмов на тема: Контроверзната 112-та собраниска седница и предлог-законите за конзорциумот „Бехтел и Енка". (Собрание/Прес-центар/ 11:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања.ала „Борис Трајковски“/ 12:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Сала на Уставна комисија/ 14:00)

Брисел – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од МВР во работна посета на Брисел, Белгија, заедно со претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, како и Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, Никола Дујовски.

Кочани – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе ја посети компанијата „Агротреф“ во село Долни Полог, Кочани. (изјава за медиумите во врска со замрзнувањето на цените на зеленчук и овошје/ 13:30, потоа на оризово поле ќе одржи средба со производители на ориз, по што министерот ќе даде изјава во врска со дополнителните 3 денари по килограм за предадена оризова арпа во преработувачки капацитети, локација на компанијата Агротреф: https://goo.gl/maps/ytevN4PE1z4GWwNF7)

Скопје – Прес-конференција на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Мрежата за заштита од дискриминација на тема „Системска дискриминација кон земјоделките/ците во остварување на правото на платено отсуство поради бременост, раѓање, мајчинство и боледување“. (х. „Парк“, сала „Њу Јорк“/ 10:30)

Велес/Штип – Завршни настани за претставување на проектите за дигитализација на услугите во вкупно 16 општини во Вардарскиот и во Источниот плански регион. (во Општина Велес/ 10:00 и во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип/ 12:30)

Скопје - Јавна дебата на тема: „Претприемништво, иновации и економски слободи “ во рамки на меѓународната иницијатива Free Market Road Show. (Правен факултет „Јустинијан Први“, сала за состаноци/ 10:00)

Скопје – Работилница  за новинари и граѓански организации за промоција на ревизорскиот извештај за АД МЕПСО за 2021 година.(х. „Холидеј ин“, сала Милениум 2/ 10:00)

Струга – НУМ „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија организираат свечен настан Чествување на лауреатот на СВП, Хусто Хорхе Падрон. (Парк на поезијата/ 12:00)

Скопје – Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“. (клуб МАНУ/ 12:00)

Скопје – Книжевна средба по повод 200 години од раѓањето на Шандор Петефи. („Матица ексклузив“/ 19:00)

Гевгелија - Книжевен портрет на познатиот македонски поет, книжевен ликовен критичар, есеист и преведувач Ефтим Клетников. (Народен театар, мала сала/ 13:00)

Скопје – Отворена средба за вклучување на уметничката и локалната заедницата. (КСП Центар Јадро/ 19:00)

Прилеп – Концерт на флејта на Страшо Темков. (во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“/ 19:00)

Скопје – Фестивал и натпревар на народни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“ во организација на ЈУ Детски културен центар „Карпош“. (КИЦ, Салон 19:19/ 19:00 – 20:30)

Скопје – Изложба на фотографии, „ЕЛЕМА 2023“. (Рудиќ Галерија/ 19:30)

Скопје – Конференција на тема: „Промоција на македонскиот спорт во медиумите“. (х. „Лимак“/ 1100 – 14:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан