• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави МКД

8 ноември 2024

Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала „Борис Трајковски“/ 14:30)

Скопје – Министерството за јавна администрација организира Состанок на Секторската работна група за Реформа на јавната администрација. (Свечена сала во Владата на РСМ/ 11:00, изјава на министерот Горан Минчев во 11:30)

Охрид – Прес-конференција на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков по повод најновите ексклузивни откритија во Охридско-струшкиот регион. (во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид/ 12:00)

Скопје – 10-та седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (на платформата ZOOM: https://zoom.us/j/96783930654?pwd=xZJSlthoP25OkKFa37AYkB2FatxdWW.1  /11:00)

Скопје – Информативна средба за доделување на мали грантови за граѓански организации. (Во просториите на Граѓанскиот ресурсен Центар, ул. „Климент Охридски“ 21 /11:00)

Скопје – Отворање на Меѓународната научно-стручна конференција на тема „75 години- организирана едукација, рехабилитација и вработување на лицата со попреченост во Република Северна Македонија“ во организација на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија. (х. „Холидеј Ин“/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција по повод започнување на третман со „Ензимска заместителна терапија“ која за првпат се применува кај пациентите со ретка болест „Фабри“. (во библиотеката на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија/ 10:30)

Скопје – Друштвото на писателите на Македонија ќе одржи комеморација по повод смртта на писателката Оливера Николова. (главната сала на ДПМ, на ул. „Максим Горки“ 18/ 12:00)

Скопје – Шести Пчеларски саем на Македонија. (Плоштад „Македонија“)

Скопје – По повод 100-годинишната од смртта на Џакомо Пучини, во рамки на проектот „Месец на Пучини“ ќе биде изведена операта „Боеми“ – Приказна за љубовта и загубата во боемскиот кварт на Париз. (Национална опера и балет/ 20:00)

Скопје – Праизведба на драмскиот текст „Марта Верина“ од Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ. (Македонски народен театар/ 20:00)

Истанбул – Изложбата „Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан“ на Музејот на македонската борба за самостојност ќе гостува од 8 до 14 ноември во Културно-информативниот центар во Истанбул.

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан