• понеделник, 23 септември 2024
МИА Најави МКД

23 септември 2024

Њујорк - На маргините на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе оствари работна средба со неговиот грчки колега, Јоргос Герапетритис.

 Скопје - Претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали во официјална посета на Парламентот: 

- Церемонија на свечен пречек со високи државни и воени почести пред Собранието на Република Северна Македонија. (10:30 - 10:40, новинарските екипи да бидат на пријавница во 9:00)

- Тет-а-тет средба на претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши и Спиропали. (Кабинет на претседателот/10:40 - 10:50)

- Средба на претседателот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши и делегација со претседателката на Собранието на Република Албанија Спиропали и делегацијата. (Сала „Длаборез“/10:50 - 11:20)

- Потпишување на Спиропали во Книгата за впечатоци, по што Гаши и Спиропали ќе имаат изјави за медиумите. (Хол на портрети/11:25 - 11:45)

- Средба на Спиропали со претседателот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот претседател на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери. (Струшка сала/11:50 - 12:20)

- Средба на Спиропали со претседател на СДСМ Венко Вилипче. (Сала на Влада/12:25 – 12:45)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 4/12:30)

Скопје - Кинотека ќе биде домаќин на конференцијата на тема „Примена и креирање на видеосодржини за наставни цели“. (12:00)

Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден на знаковниот јазик во организација на Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности. (Младински културен центар/18:00)

Битола - Прес-конференција со Јоланта Дилевски, лауреат на ИФФК „Браќа Манаки“. (Офицерски дом/10:00)

Битола - „Патека на славните“, промоција на ѕвезди на Бруно Далбонел и Питер Бижу. (Широк сокак/15:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Женската рачна работа во семејството Ѓошевски од село Агино Село“ во рамки на Европските денови на културното наследство. (Музеј на Северна Македонија/19:00)

Скопје - Отворање на ликовната изложба „Монумент за неродените“ на авторот Иван Аџиевски. (Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на Франкофонијата/19:30)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан