• четврток, 26 декември 2024
МИА Најави МКД

7 декември 2023

Базош – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, заедно со поголема група пратеници и Служба на Собранието ќе учествува на 4. Жан Моне Дијалог, кој што ќе се одржи во куќата на архитектот на денешна Европа и креаторот на Шумановата Декларација, Жан Моне, во Базош, Франција.

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00)

Скопје – Парламентарниот институт во соработка со Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со посебни способности организира тркалезна маса на тема: „Политичко учество на лица со попреченост“. (Едукативен центар на Парламентарниот институт/ 12:00 – 13:00)

Скопје – Првата дама Елизабета Ѓорѓиевска ќе присуствува на експертската панел дискусија во склоп на кампањата на НЕОКОРТЕКС центарот, со цел подобрување на менталното здравје и зајакнување на жените во Северна Македонија. (Јавна соба/ 18:00)

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за образование Јетон Шаќири ќе се обрати на настан по повод презентација на нова лабораториска опрема и на резултатите од научно истражувачките проекти на Фармацевтски факултет. (Фармацевтски факултет во близина на Инфективна клиника/ 11:30)

Брисел – Министерот за надворешни работи, Бујар Османи престојува во работна посета во Брисел, каде што заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ ќе учествува на билатералниот скрининг помеѓу Европската Комисија и Северна Македонија за Поглавјето 31 - Заедничка надворешна и безбедносна политика, со што се означува и завршувањето на скрининг процесот кој започна минатата есен.

Криволак – Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со амбасадорката на САД Анџела Агелер во посета на американските војници кои со припадниците на Армијата изведуваат вежба на „Криволак“. (13:30, предвидени се и изјави на министерката Петровска и амбасадорката Агелер) 

Охрид – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со дел од раководството на МВР ќе ги посети СВР Битола, СВР Охрид и РЦ Запад. (Регионален центар Запад/ 10:30)

Скопје – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе се обрати на свеченост по повод започнувањето на новиот твининг лајт проект „Поддршка на Агенцијата за цивилно воздухопловство во областа на безбедноста и обезбедувањето во воздухопловството“, финансиран од ЕУ, а реализиран од Хрватската агенција за цивилно воздухопловство и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија. (х. „Мериот“/ 10:00, изјави за медиуми/11:50)

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за образование и наука Јетон Шакири ќе одржат состанок со претставници на студентските собранија при неколку државни универзитети во државата. (Министерство за економија, 13:30, изјави за медиуми пред влез на Министерството/14:00)

Неготино – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе додели 87 договори за грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство и ангажирање на стручно лице енолог, на малите семејни винарии. (х. „Парк“/ 16:00)

Скопје – Министрите за правда и за образование и наука, Кренар Лога и Јетон Шаќири, ќе учествуваат на панел дискусијата за корупцијата во високото образование во Северна Македонија „Corruptversity“. (Europe House/ 12:00)

Скопје – Министерот за информатичко општество и администрација Азир Али ќе одржи брифинг со новинарите. (Влада на РСМ - медија центар/ 10:00)

Кавадарци – Постојаниот претставник на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, Армен Григорјан и амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин  ќе ја посетат општина  Кавадарци каде ќе имаат средба со градоначалникот Митко Јанчев, по што ќе се одржи и презентација на опремата која во рамките на проектот „Справување со загаденоста на воздухот“ се донира на Инспекторатот за животна средина на општина Кавадарци. (во просториите на Општина Кавадарци/ 10:45, изјави за медиуми/11:00)

Скопје – Втор ден од Отворен форум за антикорупција. (х. „Холидеј Ин“/ 10:00, изјави за медиумите од 11:30 до 12:00)

Скопје – Втор ден од Годишната конференција за децентрализација и локално управување организирана од Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа. (х. „Александар Палас“/ 10:00)

Битола – Брифинг со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. (во простоиите на Општина Битола/ 10:00)

Скопје – Прес-конференција на Народниот правобранител Насер Зибери. (Канцеларија на Народниот правобранител, сала за прес-конференции, кат 4/ 11:00)

Скопје – Јавна дебата на македонските инженери „Чебрен и Македонски ресурс и не е за раздавање“. (КИЦ, Салон 19.19/ 12:00)

Скопје – Факултетот „Св. Климент Охридски“ – Скопје својот патронен празник го одбележува со научно-стручна расправа на тема: „Наставничката професија во современиот образовен и општествен контекст“. (сала на Ректорат н УКИМ/ 10:00)

Битола – Свечена седница на Универзитетскиот сенат на УКЛО – Битола. (Офицерски дом/ 12:00)

Скопје – Министерството за образование и наука заедно со Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола и Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје организира информативна кампања за промоција на бугарското високо образование во Република Северна Македонија. (х. „Солун“/ 11:00 – 15:00)

Скопје – Седми Светиклиментов научен соби на тема: „Мисија и секуларизам“. (Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“, свечена сала/ 10:00)

Скопје – Свечено доделување на наградите на новинари за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2022 година“. (Јавна соба/ 10:30)

Скопје – По повод 30 години од физичкото заминување на Блаже Конески, КЕЦ „Небрегово“ организира Отворен час за бесмртниот Конески. (кај споменикот пред МАНУ/ 11:00)

Скопје – По повод сто години од раѓањето на Никола Гечевски ќе се одржи промоција на двете книги „Развојот на златарско-којунџискиот занает во Македонија“ и „Развој на македонската метрологија 1946 – 1970). (МАНУ/ 13:00)

Букурешт – Чествување на македонскиот јазик во Романија. 

Скопје – Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Бесмртност“. (Македонска филхармонија/ 20:00)

Скопје – Концертна изведба на „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф. (Национална опера и балет/ 20:00)

Скопје – Изложба: „ОД ПОИНАКОВ ДИСКУРС“ - Фауната од колекцијата на Националната галерија. (Мала станица/ 19:30)

Скопје – Отворање на изложбата на групата МОМИ насловена „Мајкинство“. (КИЦ, Салон Империјал 2/ 20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан