• сабота, 16 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

26 април 2023

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски ќе биде домаќин на претседателката на  Косово, Вјоса Османи-Садриу, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. (Кабинет на претседателот, акредитираните медиумски екипи да пристигнат во Кабинетот на претседателот до 9:00)

- Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести (10:00)

- Тет-а-тет средба (10:15)

- Пленарен состанок на делегациите (10:30)

- Заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателката Османи-Садриу (11:20)

- Полагање на венци на гробот на Гоце Делчев. (црква „Св. Спас“/ 12:00, акредитираните сниматели и фоторепортери во црквата „Св. Спас“ да пристигнат до 11:40)

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе се сретне со косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу. (Сала Длаборез/ 12:20 - 13:00)

Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија на која ќе се обрати претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу. (сала „Македонија“/ 13:00)

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе се сретне со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.Е. Метју Лосон. (сала на Влада/ 14:30)

Скопје – Претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли ќе одржи работна средба со Николина Патален, експерт од Република Хрватска и Еран Куртиш, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ). (Канцеларија 118/ 14:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (ала „Борис Трајковски“/ 13:30)

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на првиот ден од Самитот на „Македонија 2025“ во чиј фокус се потенцијалите за општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство. (х. „Мериот“/ 9:30, обраќањето на премиерот Ковачевски може да се следи и на линкот: https://www.youtube.com/watch?v=bvfzj0gm2aY )

Скопје – Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски. (во Министерството за економија, сала на прв кат/ 12:00)

Скопје – Прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу. (во Медија центарот на Владата на РСМ, на македонски јазик: https://www.youtube.com/watch?v=lN85FALs52g и на албански јазик: https://www.youtube.com/watch?v=_recddOcb1I   / 12:00, медиумските екипи да пристигнат/ 11:30)

Скопје – Седница на Уставен суд. (9:30)

Скопје – Прес-конференција на Министерството за здравство и УНИЦЕФ по повод Недела на имунизација. (пред вакциналниот пункт во Поликлиниката „Букурешт“/ 11:00, изјави ќе дадат заменичката на министерот за здравство Маја Манолева, претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани и стручното лице на СЗО за имунизација, Горан Кочински)

Скопје – Втора научна конференција „Кратошија – винско наследство на Балканот“ што ja организира Земјоделскиот институт – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (во просториите на М6 Едукативен центар Скопје, ул. „Димчо Беловски“ бр. 2/ 10:00)

Петровец – Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија (АХВ) и Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи на Република Црна Гора, утре, среда, 26.04.2023 година, во село Петровец, Општина Петровец ќе спроведат заедничка симулациска вежба за болеста лигавка и шап.

Скопје – По повод поднесување на Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на т.н. Закон за „Бехтел  и Енка“ (Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементирање на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридорот 10 Д, изјава за медиумите ќе даде претставник на Единствена Македонија. (пред Уставен суд/ 12:00)

Тетово – Регионален настан во Тетово во организација на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. (во општинската сала во Општина Тетово/ 11:00)

Скопје – Втора отворена месечна средба за вклучување на уметничката и локалната заедницата - Отворена средба со заедницата | 02. (КСП Центар – Јадро/ 19:00)

Скопје – Прес-конференција по повод целодневниот џез хепенинг Today It's All About Jazz Vol.7. (Кафе бар Филхармонија/ 11:00)

Скопје – Концерт на Steve VAI. (Арена „Борис Трајковски“, Мала сала/ 21:00)

Скопје – Концерт на ансамблот „Консонанс“. (во Камерната сала на Филхармонија/ 20:00)

Скопје – Изведба на претставата „Леди Магбет“, најновото кореографско остварување на Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар. (Македонски народен театар/ 20:00)

Скопје – Доделување на наградата „Пегаз“ за 2022 година и промоција на победничкиот роман „Зелениот дворец“ од Сибо. (во Галеријата на Младинскиот културен центар/ 19:00)

 ___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан