• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД

15 јануари 2024

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 138-та седница. (сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала 4/14:00)

Скопје - Министерството за труд и социјална политика организира брифинг за новинари каде ќе се обратат ресорната министерка Јованка Тренчевска и директорката на Државен инспекторат за труд Весна Томовска. (во Клуб на пратеници/12:00)

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе го посети Универзитетскиот Институт за радиологија. (10:00)

Скопје - Директорката на УЈП, Сања Лукаревска ќе одржи брифинг за новинари. (во Генералната дирекција  на УЈП, Комплекс Банки 2-ри кат/10:30, брифингот ќе се одржи без камери)

Скопје - Стопанската комора на Северна Македонија организира промоција на новоформираниот Центар за микро, мали и средни претпријатија, со цел поддршка и развој на економската активност за потребите на компаниите на која ќе се обратат извршниот директор на Комората, Антони Пешев и претседателката на Центарот, Габриела Кулебанова. (простории на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4, 5-ти кат/11:00)

Скопје - Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на прес - конференција ќе го презентира прегледот за примените жалби и донесените одлуки за прекршувања на Кодексот за етичко известување во 2023 година. ( Клуб на новинари/ 11:00 ) 

Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на Полиција во Македонија - СПМ. (пред зградата на Министерството за внатрешни работи/12:00)

Скопје - Презентација на извештај и панел дискусија на тема "Предлог-измени на Законот за игри на среќа: Решение или Маскирање?" организирана од Институтот за демократија и економска анализа - ИДЕА. (х. Холидеј Ин/11:00)

Скопје - Европскиот сојуз за промени ќе одржи прес-конференција. (Канцеларии на сојузот кај плоштадот Скендербег/13:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***


 

Остани поврзан