• недела, 07 јули 2024
МИА Најави МКД
28 февруари 2020 Скопје - Премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче ќе се обратат на конференцијата „Секундарно и терцијално ниво на здравство“. (Влада на РСМ, свечена сала/10:00) Куманово - Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, министерот за странски инвестиции Елвин Хасан, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ќе ја посетат компанијата „Босут“. (ул. „Народна револуција“ бр.350/10:00, изјави за медиуми/10:30-10:45) Скопје - Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче (Медија центар на Влада/9:45) Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски ќе извршат увид во градежните работи на кружниот тек во село Волково. (село Волково, локација каде што се гради кружниот тек, изјави за медиуми/11:00) Скопје - Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски ќе одржи прес-конференција на која ќе ја промовира новата интернет страница на МНР. (МНР/12:30) Чешиново-Облешево/Пробиштип - Инфо средби за ИПАРД Програмата 2014-2020  во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Општина Чешиново-Облешево, општинска сала/11:00, Општина Пробиштип, Дом на културата „Злетовски рудар“/15:00) Охрид - Неформален состанок на директорите на царинските управи од земјите од Западен Балкан. (хотел Метропол/9:30) Скопје - Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски ќе одржи прес-конференција. (РКЕ, 6 кат/11:30) Скопје - Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ, при Факултетот за електротехника и информациските технологии во Скопје, ќе одржи јавна презентација на проектите реализирани во рамките на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere INNO SAE. (Простории на ИНОФЕИТ/11:00) Скопје - Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети - ИКОМОС ќе ја одржи 38. седница на Собранието на Комитетот и избори на функционери и членови на работни тела на Комитетот со мандат 2020-2023 година. (Музеј на Македонија, кино сала/11:30) Скопје - Одборот на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ ќе одржи прес-конференција. (Ректорат на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“/10:00) Штип - Научен симпозиум во организација на Факултетот за медицински науки на УГД на тема „Dermatology 2020“. (Мултимедијален центар на УГД, Економски факултет/10:00) Скопје - Прес-конференција на Ширет Елези од Демократската унија за интеграција. (Седиште на ДУИ во Чаир/11:00) Скопје - Промоција на аудио книга „На своја кожа продолжи со насмевка-ниво 1.0“ од авторот Мирослав Драганов. (ДХО Даре Џамбаз/12:00) Скопје - Прикажување на дел од наградените кусометражни филмови од последното издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. (Кинотека/20:00) Скопје - Изведба на балетската претстава „Лебедово езеро“ од П.И.Чајковски. (Национална опера и балет/20:00) Скопје - Фестивал Мозаик под мотото „Заедно сме посилни“. (СЦ „Борис Трајковски“/20:00) —————————————————————————————————————————————— ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***        

Остани поврзан