• сабота, 21 декември 2024
МИА Најави МКД
19 јануари 2020 Кочани – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, по повод големиот христијански празник Богојавление Водици ќе присуствува на чинот на свеченото фрлање на крстот во Кочанска река. (Градски парк/11:30) Скопје – Заменичката на претседателот на владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерката за финансии, Нина Агеловска и заменикот министер за култура, Владимир Лазовски  ќе присуствува на светиот чин на фрлањето на крстот во реката Вардар, (мост „Слобода“, кај хотелот Холидеј Ин/11:30) Скопје – Прес-конференција на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здружанија на граѓани (УПОЗ) и Синдикалната организација при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). (Пред МЗШВ/13:30) Охрид - Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе присуствува на манифестацијата на осветување на езерските води, по повод верскиот празник Богојавление - Водици (10:00), изјава за медиуми по завршување на манифестацијата, кај споменикот „Фаќач на крст“. Охрид - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе присуствува на одбележување на православниот празник Богојавление – Водици, со осветувањето на водите на Охридското Езеро и традиционалното положување на Светиот крст, (10:00), изјава за медиуми по завршување на манифестцијата на Плоштадот.

Охрид –Изложба  на селективни фотографии од учесниците на проектот „Многу луѓе─многу погледи“ организиран од страна на Центарот за креативни страна“индустрии─НЕБО, насловена „Охрид/Поглед од другата. (Завод и Музеј ─ галерија „Куќа на Робевци“/12:00)

__________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан