• недела, 30 јуни 2024
МИА Најави МКД
7 март 2020
Скопје - Премиерот Оливер Спасовски, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ќе одржат прес-конференција. (Медија центар на Влада/11:00) Теарце - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска во рамки на своите работни активности, ќе го посети Полициското одделение Теарце. (10:45) Скопје - Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во чест на Денот на учителот организира научна трибина на тема: „Состојбата на образованието во земјата: предизвиците и перспективите“. (Институт за духовно и културно наследство на Албанците, сала „Вудроу Вилсон“/10:30) Скопје - Прес-конференција на Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија (ССЕРИ) членка при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС). (простории на СОНК, ул. „Маџир Маало“ бр. 36/ 11:30) Скопје - Прес-конференција на Алијанса за Албанците. (Седиште на партијата/12:30) Скопје - Годишно собрание на Партијата на пензионери. (х. „Континентал“, кристална сала/11:00) Скопје - По повод 8 Март - Денот на жената Коалицијата на ромски граѓански организации Кhetane организира настан со наслов „Ромската жена во 21 век - можности, придонеси и предизвици".(ЕУ куќа/10:30) Скопје - Симфониски концерт наменет за најмладите – „Петре и волкот“. (Филхармонија/12:00) Белград - Промоција на македонското и на српското издание на книгата „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот”, односно „Лабудова песма Заробљенице ветра“, на новинарите и познати македонски публицисти Искра Чоловиќ и Свето Стаменов. (Педагошки музеј/18:00) Скопје - „Женско рели 2020“ по повод 8 Март - Денот на жената, во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) и клубовите членки на АФМ. (СЦ „Борис Трајковски“, свечено отворање/10:00, а стартот на првиот екипаж/10:30) _____________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
 

Остани поврзан