• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
10 март 2020  Скопје - Шефот на дипломатијата Никола Димитров заедно со колегите од Бугарија Екатерина Захариева и од Германија Хајко Мас ќе го отворат Состанок на министри за надворешни работи на земјите кои учествуваат во Берлинскиот процес од Европската Унија и Западниот Балкан, со кој ќе се означи почетокот на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес на Северна Македонија и Бугарија за 2020 година. (х. Дабл три - Хилтон/16:00-17:30) - family photo (15:45 - 15:55) -Прес конференција на министерите за надворешни работи Никола Димитров, Екатерина Захариева и Хајко Мас. (17:30 - 18:00) Скопје - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик на претседателот за судски реформи и министер за надворешни работи на Р. Бугарија Екатерина Захариева, вонредниот и овластен амбасадор на Република Бугарија Ангел Ангелов, специјалната координаторка за Берлинскиот процес при Министерството за надворешни работи на Република Бугарија Даниела Будинова со засадување на дрвни садници официјално ќе го означат започнувањето на проектот „Иднина без пластика“. (ОУ„Димитар Миладинов“/9:00) Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски ќе има свое обраќање на настан во просториите на Министерството. (МЗШВ/10:00) Скопје - Претседателот на Уставниот суд на РСМ, Сали Мурати ќе оствари средба со Наталија Задорожњук, амбасадор на Украина во РСМ. (Уставен суд/10:00, пристигнување на сниматели и фоторепортери/9:45) Скопје - Претставници од Управниот одбор на Македонско-бугарската стопанска комора, претставници од бизнис секторот, амбасадорот на Република Бугарија во РСМ и претседатели на стопанските комори во РСМ ќе одржат средба со претседателот на СДСМ Зоран Заев. (х.„Хилтон“/14:00, изјави за медиуми/13:55) Скопје - Седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум -КИФ и прес-конференција на  Марко Чадеж, претседател на КИФ и претседател на Стопанската комора на Србија, Бранко Азески, заменик-претседател на КИФ и претседател на Стопанската комора на Македонија, Властимир Голубовиќ, претседател на Стопанската комора на Црна Гора, Берат Рукичи, претседател на Стопанската комора на Косово, Нихад Бајрамовиќ, генерален секретар на Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина и Сафет Ѓергалиу, генерален секретар на КИФ. (СКМ, сала 3, трети кат/12:30) Скопје - Раководството на Лекарската комора на Северна Македонија ќе одржи прес-кнференција. (Простории на Лекарска комора/10:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претседателката на Асоцијацијата на советници за развој на кариера, Ивана Дојчиновска-Стојановиќ ќе потпишат меморандум за соработка. (ООУ „Јан Амос Коменски“/11:30)

Скопје - Одделот за образованије и проучување на Холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, по повод 77 години од депортирањето на македонските Евреи во Треблинка ќе ја промовира книгата “Базичното антисемитско законодавство на царството Бугарија” – Зборник на документи, на авторите Скендер Асани, Нора Малиќи Зулали и Владо Поповски. (13:00, пристигнување на медиумите/12:45)

Скопје - ВД Директорката  на НУ Драмски театар Катарина Коцевска Хаџи Василева ќе одржи прес-кнференија  по повод одобрените средства од Министерство за култура за инвестиционо одржување, адаптација и набавка на опрема на НУ Драмски театар Скопје. (10:00)

Крива Паланка - Истражувачката репортерска лабораторија ИРЛ Скопје ќе одржи отворен ден со граѓани за подигање на свеста за ефектите од локална корупција. (Црвен крст на РМ, регионална канцеларија /11:00-15:00) Скопје - Црвен крст на град Скопје по повод одбележување на 17 март - Ден на основање на Црвениот крст на РСМ ќе ја отвори изложбата на фотографии од авторот Виктор Лакен. (Музеј на град Скопје/12:00) Скопје - Амбасадорката на Канада Кетлин Чаба и директорката на Националната галерија на РСМ, Дита Старова Ќерими ќе ја отворат изложбата на канадскиот уметник и графичар Ги Ланжевин „Паднати ангели“. (Чифте амам/19:00) Скопје - Промоција на книгите „Волшебната авантура“ и „Одмаздата на богомолката“ од Оља Петрушевска - Томева. (Салон 19:19/19:19) __________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан