• сабота, 24 август 2024

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

23 Август 2024

Киев – Индискиот премиер Нарендра Моди во посета на Украина.

Минск – Кинескиот премиер Ли Чијанг во посета на Белорусија.

Солнечногорск (Русија) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров зборува на Рускиот младински образовен форум.

Париз – Средба на францускиот претседател Емануел Макрон со лидерите на партиите и парламентарните групи во рамки на преговорите за именување мандатар за идната влада.

Глендејл – Предизборен митинг на републиканскиот кандидат за американскиот претседател Доналд Трамп во сојузната држава Аризона.

Мексико Сити – Претседателот на Аргентина, Хавиер Мајли во посета на Мексико, каде што ќе учествува на форумот на конзервативните партии.

Берн – Тибетскиот духовен водач Далај Лама почнува тридневна посета на Швајцарија.

Буенос Ајрес – Почнуваат Меѓународниот фестивал и Светското првенство во танго, кои ќе траат до 27 август.

Остани поврзан