• петок, 03 јануари 2025

Миа е првото битолско новороденче во 2025 година

Миа е првото битолско новороденче во 2025 година

Битола, 1 јануари 2025 (МИА) - Битолчанка на 25 годишна возраст на свет донесе здраво женско бебе кое ќе се вика Миа, истакна мајката за време на посетата на ЈЗУ Клиничка болница-Битола што ја оствари градоначалникот Тони Коњановски.

Миа е првото новородено бебе во новата 2025 година, потврди Михајло Вангелов, раководител на одделението за гинекологија во ЈЗУ Клинична болница-Битола, додека од приватната болница „Плодност“ информираа дека првото новороденче е машко бебе.

Според востановената традиција, на новите жители на градот, градоначалникот Коњановски им додели пригодни новогодишни подароци. мт/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан