• четврток, 09 мај 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
2 септември 2021  Скопје – Премиерот Зоран Заев, министерката за образование Мила Царовска, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, директорката на средното медицинско училиште „Панче Караѓозов, Маја Салиу и директорот на Алкалоид АД Скопје Живко Мукаетов, ќе присуствуваат на промоцијата на паралелка „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“ во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов”.(средното училиште „Панче Караѓозов“/ 10:00) Гостивар - Министрите за животна средина и просторно плaнирање, за надворешни работи и за економија, Насер Нуредини, Бујар Османи и Крешник Бектеши ќе го најават започнувањето на активностите за изградба на фекалниот колектор и фекалната и атмосферската канализација за Урбан блок 21. (https://goo.gl/maps/LF8Qc23dUHninAmE8/ 11:00) Боговиње - Министрите за животна средина и просторно плaнирање, за надворешни работи и за економија, Насер Нуредини, Бујар Османи и Крешник Бектеши ќе го најават започнувањето на активностите за изградбата на канализациска мрежа во населенo местo Боговиње. (https://maps.app.goo.gl/PD1PEHq3wzSsYnsF6/ 12:30) Скопје – Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе одржи брифинг со новинарите. (во Кабинетот на министерот/ 12:00) Скопје – Прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на тема една година од неговиот мандат како министер. (МЗШВ, Голема сала/ 12:00) Битола – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми ќе извршат увид во изградба на експресниот пат Градско – Прилеп (делница Фаришка клисура - Дреново). (на локација Фаришка клисура, на почеток на превојот Плетвар/ 11:00) Скопје – Прес-конференција на министерката за култура Ирена Стефоска по повод почнување  на конзерваторски работи на скопскиот Аквадукт. (на локалитетот кај скопскиот Аквадукт/ 11:00) Штип – Меѓународна научна конференција „Општествени промени во глобалниот свет“ во организација на Правниот факултет при УГД – Штип. (Правен факултет при УГД/ 11:00, изјави за медиумите/ 10:45) Скопје – Панел дискусијата: Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните, организирана од страна на Фондација за слободата „Фридрих Науман“, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИССХС). (х. „Александар Палас“, и на платформата ZOOM,  https://us06web.zoom.us/j/81592636864  /10:00) Скопје - Прес-конференција на Националниот Блок „Не отворам врата“. (МАНУ/ 12:00) Скопје – Прес-конференција по повод концертната промоција на новиот албум на „Љубојна“. (во дворот на кафе книжара „Буква“, на ул. „Луј Пастер“ 3А – 1/ 11:00) Софија – Отворање на изложбата „Таму“, составена од фотографски дела на режисерот Милчо Манчевски. (Галерија „Академија“ на Националната академија за ликовни уметности, ул. „Шипка“ 1/ 17:00-20:00) ______________________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан