• вторник, 05 ноември 2024
МИА Најави – МКД
10 јули 2021  Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“ /11:00) Виница - Премиерот Зоран Заев заедно со градоначалникот на Општина Виница, Ивица Димитров ќе дадат изјава по повод поставувањето камен темелник на затворен пазар во Виница. (кај градскиот пазар, линк до локацијата: https://goo.gl/maps/cyNnwt8X8RDGYQs86  /10:00) Скопје – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, на заедничка прес конференција ќе ги презентираат податоците од финалната селекција на компании кои аплицирале на Јавниот повик на ФИТР за кофинансирани грантови за технолошки развој, за забрзан економски раст. (на македонски јазик:  https://youtu.be/kO0HrpQelTA и на албански јазик: https://youtu.be/bH4NaZCs_nM /10:30) Скопје – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и главниот оперативен директор на ТАВ Аеродроми, Куршад Кочак ќе се обратат на настанот на кој ќе бидат доделени договорите на втората група општини за реализација на инфраструктурни проекти во 34 општини од ТАВ програмата. (х. „Хилтон“ /12:30) Дубровник - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на традиционалниот Дубровник форум, оваа година тематски насловен „'Пост' - пандемиска геополитика – заедништво во поделен свет”. Струга – Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко и управителот на „ЕЛЕМ ТУРС“ Адем Авзиу ќе го  посети Автокампот „Ливадишта“ – Радожда – Струга. (12:00, по обиколката на Автокампот ќе следат изјави за медиумите) Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја посети Клиниката за неврохирургија каде ќе се изврши иновативна хируршка метода „вградување стимулатор на нервот вагус". (Изјави за медиуми во холот од Клиниката, страничен влез спроти големиот паркинг/ 11:00) Тетово – Свеченост по повод промовирањето на апсолвентите на Универзитетот во Тетово во академската 2020/2021 година. (на платото пред Ректоратот/ 18:00) Скопје – Прес-конференција на Синдикат на полиција во Македонија - СПМ . (пред Министерството за внатрешни работи /11:00) Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија – НСКТМ МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници инженери и трговци во градежништвото – НС ГРИТГ. (пред МЖСПП /13:30) Скопје – Во рамките на 42. издание на „Скопско лето“ 2021 ќе биде изедена театарската претстава „Смртта на Дантон“. (во Центар за култура Кисела Вода – КВК кино /20:30) Скопје - Комеморација за жртвите од Сребреница. (пленарна сала на Општина Чаир/ 19:00) Скопје – Премиера на филмот „Брат ми брка диносауруси“. (кино „Милениум“ /13:00 и во Кинотека на Северна Македонија /18:00) Љубојно – Стартува Prespaland 2021. (18:00)
———————————————————————————————————— МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан