• четврток, 09 мај 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
3 септември 2021  Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/ 12:00) Скопје – Седница на собраниската Законодвано-правна комисија. (Сала 6/ 13:00) Скопје –Премиерот Зоран Заев,  првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и генералниот директор на Скопски пазар АД Скопје, Младен Дамев ќе се обратат по повод отворањето на новата инвестиција на Скопски пазар АД Скопје, целосна реконструкција на пазарот Бит-пазар. (паркингот над првиот влез на Женски пазар (веднаш по надвозникот од Чаир кон Центар)/10:00) Крива Паланка – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, ќе присуствуваат на настан поврзан со реализација на потпроектот „Крива Паланка источна порта кон Европа - Фестивалска туристичка атракција“. (Градски плоштад/14:00) Скопје – Министерот за надворешни работи, Бујар Османи со членовите на Стратешкиот совет на МНР ќе одржи тематска дискусија поврзана со случувањата во Авганистан, комплексноста и далекусежноста на импликациите предизвикани од оваа криза, кои би се рефлектирале и врз нашата земја. (МНР/ 11:00, новинарските екипи да пристигнат најдоцна/ 10:45) Охрид – Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски ќе оствари работна посета на општина Охрид, каде со градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески ќе извршат увид на реконструираната водоводна и канализациона мрежа на улица „Абас Емин“. (изјави за медиумите на ул. „Абас Емин“/ 12:00) Скопје - Министерката за образование и наука Мила Царовска ќе го посети основното училиште ,,Ацо Шопов’’ во населба Радишани, Општина Бутел.( Изјави за медиуми во дворот на училиштето, кое се наоѓа на ул. Радишанска бр.68 а./ 10:30) Струмица – Отворање на заедничката вежба „Беласица 2021“ на Република Северна Македонија и Република Грција. (пред ЦУК – Струмица/ 9:30, изјави за медиумите/10:00) Скопје – Осми регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа на тема: Независност и непристрасност на судството, во организација на AIRE Центарот и Civil Rights Defenders, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство и Кралството Шведска и Фондацијата Конрад Аденауер. (на платформата KUDO /9:30-14:45) Охрид – Свечено отворање на 48. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (Конгресен центар на УКИМ во Охрид/ 10:00) Скопје – Претставници на Руската амбасада во Скопје по повод 76 години од завршувањето на Втората светска војна ќе положат цвеќе на спомен-обележјето на борците на Антихитлеровата коалиција. (ул. „9 Мај“/ 10:00) Битола – Недела на енергетска ефикасност во Битола - проект „Бенефит“. (Спортска сала „Боро Чурлевски“/ 11:00) Скопје - Прес-конференција на носителот на кандидатската листа за советници во Советот на Град Скопје, Реџеп Исмаил од Левица. (пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“/10:00) Скопје – Прес-конференција на Бошњачки демократски сојуз (БДС) на која ќе бидат претставени кандидатите за градоначалници и советничките листи на БСД на претстојните локални избори. (ул. „Македонија“/ 11:00) Скопје – Прес-конференција на Синдикат на Полиција на Македонија. (пред МВР/ 11:00) Скопје - Националниот Блок „Не отворам врата“ ќе одржи прес - конференција пред Државниот завод за статистика. (12:00) Кавадарци – Едукативна работилница за изработка на оригами. (парк „Полана“/ 18:00-20:00) Виница – Проекции  на Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2021. (21:00) Скопје – Тринаесетти регионален БОШ Фестивал. (во дигитален формат односно ќе се пренесува во живо преку дигиталните плаформи на Facebook и Youtube и преку web страната на БОШ http://boshfest.com) ______________________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан