• четврток, 04 јули 2024
МИА Најави – МКД
2 април 2021 Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:00) Прилеп - Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски во работна посета на Прилеп: -Означување на почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка (линк до локација: https://goo.gl/maps/Gh2mkdoV3A6YC6jC7 / 9:30) вид во завршени градежни работи на модуларната болница (линк до локација: https://goo.gl/maps/hkxgLEMziPTLhQjA7 /10:10) Новаци - Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе присуствуваат на официјално пуштање во употреба на новиот 400/110 киловолтен трансформатор во трансформаторска станица „Битола 2“. (во близина на Општина Новаци,https://www.google.com/maps/place/41%C2%B003'16.0%22N+21%C2%B028'22.0%22E/@41.0544444,21.4709975,842m/data=!3m2!1e3!4b1!4m5!3m4!1s0x0:0x0!8m2!3d41.0544444!4d21.4727778  /11:30) Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на бригадата, бригаден генерал Бесник Емини ќе присуствуваат на воената свеченост на припадниците на Првата пешадиска бригада (1.пбр) по повод Денот на единицата. (касарна „Страшо Пинџур“ во Петровец /11:00, медиумските екипи да пристигнат најдоцна /10:30) Дојран/Струмица - Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски ќе го посети реконструираниот објект на Полициското одделение Дојран (10:40) и ќе оствари работна средба со раководството при СВР Струмица, по што ќе следува изјава за медиумите (11:15) Тетово - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски ќе го промовира проектот за пристапност и уредување на Лешочкиот манастир. (16:00) Скопје - Онлајн панел по повод 2 Април - Меѓународниот ден на проверка на факти. (во живо преку Фејсбук-страницата на КриТинк /12:00) Скопје - Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во рамки на Програмата за парламентарна поддршка организира брифинг на кој ќе презентира анкета за работата на Собранието. (на платформата ZOOM https://zoom.us/j/93773476689?pwd=QUlUNXBaQy9xR1ZWenJYRjNKVnR2Zz09#success /10:00) Скопје – Лекарска комора организира онлајн брифинг за новинари. (на платформата ZOOM /12:00)
Скопје - Работилница за активности за климатска акција во рамки на Националната конференција за клима. (11:00) 
  Скопје – Прес-конференција по повод отворањето на бесплатната СОС линија за деца во Канцеларијата на Народниот правобранител. (на платформата ZOOM  https://zoom.us/j/92215930744?pwd=V3M5TW51RzExbVQ0RXhIb29kS3l4Zz09  /11:00)
__________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан