МИА Најави – МКД (ДПЛ)
- 8 ноември 2021
8 ноември 2021
Штип - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнз ќе се обратат на почетокот на обуката на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори.(Касарната „Јане Сандански“/13:00)
Скопје – Прес - конференција на Универзитетска Клиника за гастроентерохепатологија по повод воведување нова медицинска метода за третман на Баретов езофагус со која се спречува појава на карцином на хранопроводот. (Клиника за гастроентерохепатологија, Интерни клиники, УКЦ „Мајка Тереза“/11:00)
Скопје - Прес-конференција на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. (Простории на ЦУК/12:00)
Гостивар - Општинската изборна комисија ќе им ги подели сертификатите на градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари и на новоизбраните општински советници. (Сала на Советот на општината/10:00)
Скопје – Изложба - ретроспектива „Боја во црно белиот свет“ на Маја Николовска. (Галерија „КО-РА“/12:00)
Скопје – Концерт на „Есенски музички свечености 2021“. (Музеј на македонската борба/20:00)
Скопје – Премиера на претставата „Мајсторот за спомени“ на Јане Спасиќ. (МКЦ /20:00)
__________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***