• сабота, 06 јули 2024

МИА Најави – МКД (ДПЛ)

МИА Најави – МКД (ДПЛ)
28 март 2022 Скопје – Претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе се обратат на трибина на тема „30 години развој на Армијата – формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“ во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. (Дом на Армијата/11:00) Софија – Премиерот Димитар Ковачевски на состанокот на шефови на влади на НАТО земјите од Југоисточна Европа. (резиденција „Бојана“/10:00, презентацијата на заклучоците од состанокот и новинарските прашања /12:30 (11:30 по македонско време) Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Собрание на РСМ,Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје – Седници на собраниската Комисијата за европски прашања. (Собрание на РСМ, Сала 6/14:00, 14.30, 15:00)  Тетово – Евроамбасадорот Дејвид Гир ќе го посети Тетово и ќе се сретне со градоначалникот Биљал Касами. (Изјави за медиумите во зградата на Општината/13:30) Скопје – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе одржи јавен состанок преку видео конференциска врска. (12:00/https://meet.goto.com/540909093) Скопје – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 12.седница. (Простории на Агенцијата, конференциска сала II кат/14:00 – седницата ќе може да се следи во живо и на Youtube  каналот на Агенцијата) Скопје – Завршен настан од заедничката програма „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на КОВИД-19 во Северна Македонија”. (х. „Дабл три Хилтон“/10:00, изјави за медиумите/9:40) Скопје - Јавна дебата на тема „Медиумска саморегулација и неопходни мерки за унапредување на професионализмот во медиумите“ во организација на  Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Здружението на новинари на Македонија. (во х. Солун/10:00) Скопје – Презентација на Студијата за откривање извори на загадување на воздухот во градското подрачје на Скопје. (х. „Александар Палас“/10:30, пред почеток на настанот изјава ќе даде раководителот на тимот што ја изработи студијата, професорот Дејан Мираковски од Универзитетот „Гоце Делчев“) Скопје – Изложба на фотографии „Убавините на Италија“ од архивот „Алинари“. (Чифте амам/19:00) ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан