• четврток, 04 јули 2024

МИА најави - свет

МИА најави - свет
24 декември 2020 - Христијанските верници кои се придржуваат до новиот, Грегоријански календар, го слават Бадник пред Божик. Ватикан - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ќе служи миса на Бадник. Париз - Празничен концерт во катедралата Нотр Дам. Кишињев, Москва - Инаугурација на новата претседателка на Молдавија, Маја Санда, чиј проруски претходник во заминување, Игор Додон истиот ден ќе ја посети Москва. Виена - Австрија ги отвора скијачките центри и ги укинува ограничувањата за спортски активности на отворено. Витлеем - Божиќна миса без присуство на верници.

Остани поврзан