• вторник, 17 декември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
27 април 2022 Брисел - Европската комисија ќе претстави предлози за легална имиграција и дигитализација на визните процедури, предлог за борба против постапката на „замолчување“ на новинарите или свиркачите и предлог за прилагодување на „следните фази“ на пандемијата на Ковид-19. Мадрид - Седница на Генералното собрание на Светската туристичка организација, на која ќе се расправа за исклучувањето на Русија. Њујорк - Неформален состанок на Советот за безбедност на ОН за тврдењата за злоупотреби и злосторства во Украина, на иницијатива на Франција и Албанија. Сараево - Американската помошничка државен секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид е во посета на Босна и Херцеговина во рамките на нејзината посета на регионот.

Остани поврзан