• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
1 септември 2022 Скопје – Претседателот на Собранието, Талат Џафери на проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ, Н.Е. Клеменс Која. (Стар кабинет/ 10:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00) Виена – Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе ја претстави приоритетната рамка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена. (во живо на следниот линк: https://www.osce.org/live/ 10:00) -Прес-конференција на министерот за надворешни работи Бујар Османи. (на платформата ZOOM/ 12:10, на следниот линк: https://osce-org.zoom.us/j/94450826079 Скопје/Мала Речица – Министерот за образование и наука Јетон Шеќири по повод почетокот на учебната 2022/2023 година ќе ги посети следните училишта: -ОУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден/ 9:00 -ОУ „Наим Фрашери“ во Мала Речица/ 10:00 ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир/ 12:00 Скопје/Чашка – Заменик министерот Лулзим Алиу ќе го посети ОУ „Братство“ во општина Карпош (10:00), а државниот секретар Анета Трпевска ќе го посети ОУ „Тодор Јанев“ во општина Чашка (9:00) Скопје -  Седница на Уставен суд. (9:30) Скопје - Прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. (Простории на РКЕ/ 12:30) Скопје – Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ќе присуствува на првиот училишен час на првачињата од ООУ „Невена Георгиева Дуња”. (изјава за медиумите/ 9:30) Штип – Деветта меѓународна научна конференција: „Општествените промени во глобалниот свет“. (Свечена сала на Правен факултет на ГДУ/ 11:00, изјави за медиумите/ 10:15) Белград – Промоција на македонските вина, храна и туризам на Саемот на Отворен Балкан во Белград. Скопје „Боите на вкусот“- самостојна изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин. (Дом на култура „Кочо Рацин“, зелен покрив/ 18:30) Куманово – Промоција на документарен филм под наслов ,, Неколку цркви од Кумановско со царски двери во резба“  од авторот Валентина Андреиќ, виш кустос историчар на уметност. (Занаетчиски дом Куманово/ 12: 00) Битола – Концерт на „Квартет Аулос“. (Офицерски дом/ 19:00) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан