• понеделник, 20 мај 2024
МИА Најави МКД
1 јули 2022 Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/ 10:00) Скопје – Седници на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/ 10:30 и 11:00) Софија – Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски во посета на Бугарија, каде ќе одржи билатерална средба со бугарската делегација и ќе присуствува на заедничка вежба на спедијалните полициски единици на двете земји. (по завршување на вежбата ќе следи изјава на министерот Спасовски) Криволак – Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со високи претставници на Генералштабот и на Министерството за одбрана ќе присуствува на затворањето на „Летен кампус 2022“ во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. (Армиски полигон „Криволак“/10:00,медиумите да пристигнат најдоцна до 9:20) Скопје – Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе се обрати на настан за презентација на Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјални услуги на локално ниво. (Клуб на пратеници/11:00) Скопје – Апсолвентска церемонија во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје на која ќе присуствуваат претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, градоначалници и други гости.  (плоштад „Скендербег“/19:00) Скопје – Прес-конференција на директорката на УЈП Сања Лукаревска на тема „Три години мојДДВ“. (простории на Генералната дирекција на УЈП, наспроти Џамбо/ 11:00) Скопје – Финална меѓународна конференција: „Справување со нелиберални и евроскептични наративи, оддолу“, организирана од Евротинк - Центар за европски стратегии во соработка со неколку партнерски организации од Италија, Полска и Словенија. (Економски факултет, УКИМ и на платформата ZOOM/ 10:00) Битола – Меѓународна научна конференција „Полска и Балканот во Европа - Успеси и предизвици“. (Офицерски дом/ 9:00) Скопје – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ги одржи јавната седница бр.3 и Седницата бр.25. (простории на ААВМУ/ конференциска сала, кат 2/ 14:30 и 14:35) Скопје – Протест на претставници од органите и телата на синдикатите и на Сојузот на синдикатите на Македонија. (пред Собранието на РСМ/ 11:00) Скопје – Прес-конференција по повод Европското првенство во танци 2022. (Ист Гејт Мол/ 11:00) Скопје – Џез вечер на Клод Болинг со Toot quartet. (КИЦ, Салон 19:19/ 19:19) Охрид – Отворање на самостојната изложба „Интимно Понирање“ од авторот Трајче Чатмов. (Галерија во Куќата на Робевци/ 20:00) Слоештица/Демир Хисар – Отворено студио: Веруваме во уметноста и природата / “In Art and Nature We Trust”. (Меѓународен центар на уметност „Арт Поинт – Гумно“, с. Слоештица/ 17:00 – 21:00) Пустец – Со концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ почнува 15. издание на Фестивалот Македонско културно лето. (плоштад „Гоце Делчев“/ 20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан