• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави МКД
21 јули 2020 Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе се обрати на тркалезна маса за сумирање на резултатите од проектот „Град – пријател на младите“, спроведен од младинската организација „Младински сојуз“, а поддржан и од Амбасадата на САД. (во дворот на Кинотеката/11:00) Демир Капија - Донација на средства за дезинфекција на површини и лична дезинфекција, лична заштитна опрема и UV-Gard опрема за дезинфекција на затворени простории. (ЈУ Специјален завод Демир Капија/11:00) Скопје - Здружението ЕСЕ ќе одржи онлајн конференција за медиуми на тема „Како макроекономските политики влијаат врз пристапот до здравствена заштита за жените, мајките и децата“. (https://us02web.zoom.us/j/87087770898 / 10:00, јавна дебата во 11:00) Скопје - Отворање на Археолошкиот музеј. Скопје - Во рамките на „Скопско лето 2020“ ќе биде прикажан филмот „Се за мене“ (Младиот човек на свеж воздух) Der junge muss an die frische luft. (Факултет за ликовни уметности - Сули ан/21:00)

Битола - Прес-конференција на НУ Центар за култура посветена на 50. издание на Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. (Центар за култура, мала сала/10:00)

Битола - Прес-конференција на Балкански етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“. (Култур кафе/11:00)

Битола - Академски час „60 години Македонско научно друштво - Битола“. (Завод и Музеј, пацио/19:00)

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан