• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
2 март 2021  Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе продолжи со работа на 21, 22, 25 и 26 седница. (Голема сала/12:00; 12:15; 13:30 и 12:45) Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими на работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. (простории на Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат /11:00) Кочани - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми ќе извршат увид во изградбата на експресен пат Штип - Кочани,  делница Крупиште Кочани. (изјави за медиумите, на мост на Злетовска река /10:00) Скопје - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, амбсадорката на Швајцарија Сибил Сутер директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион и претставници од граѓанската организација Гоу Грин ќе присуствуваат на отворањето на иновативна еко зона. (ул. „8 Ударна бригада“ 2, помеѓу Шведска амбасада и Маркт во Центар /12:00) Скопје - Секторската консултација на тема „Ефектите од работата на СРГ за животна средина и климатски промени и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“ во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“. (на платформата ZOOM/10/00) Скопје – Во организација на Амбасадата на Црна Гора во Република Северна Македонија ќе биде отворена изложбата „Од Медове до Ловченске виле“. Музеј на Македонската борба/18:00)
_______________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан