• четврток, 13 јуни 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
1 декември 2020  Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика.(Сала 6/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку видео врска ќе учествува на редовниот состанокот на Северно-aтлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи. Скопје - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир  и амбасадорот на ЕУ во Албанија, Луиџи Сорека, ќе одржат он-лајн прес-конференција на која официјално ќе го започнат 3-от Повик за предлог-проекти за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија. (https://bit.ly/3o2igrQ)/11:00) Скопје - Синдикатот на Полиција во Македонија ќе одржи прес-конференција. (Пред Министерство за внатрешни работи/12:00) Скопје - Панел дискусија „Пандемија и инфодемија“ по повод Меѓународниот ден на човековите права во организација на ЦИВИЛ. (х.„Парк Резиденс“/15:00) Скопје - Дебата за спроведувањето на новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер во организација на Центарот за граѓански комуникации. (х.„Мериот“, изјави за медиуми/11:00, он-лајн, https://zoom.us) Скопје - Меѓународен форум на креативно културно претприемништво во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии - УМПАКИ. (Он-лајн веб-страница на Форумот, како и на фејсбук-страницата/11:00) Скопје - Онлајн работилница Reporting on COVID-19: China in the spotlight / Известување за КОВИД-19: Кина во центарот на вниманието во организација на ЕСТИМА. (https://zoom.us/webinar/10:00) Скопје - Он-лајн предавање на тема „Леви феминистички хоризонти: професионализирање или радикализирање на женското движење во Бугарија“ со кое завршува петото издание на КРИК-фестивал за критичка култура во организација на „Контрапункт“. (https://www.facebook.com/KRIKfestival/19:00) Скопје - Онлајн предавање на тема „Преправи-повтори-премотај: Може ли минатото да помогне во навигацијата низ светот на звукот во новото време?“ на проф. д-р Стивен Малиндер. (Локомотива–центар за нови иницијативи во уметноста и културата и преку стриминг Фејсбук страна на Локомотива/19:00) Скопје - Премерна изведба на претставата „Облак во мала кутија“ во режија на Бојана Лазиќ (Р.Србија). (Н.У. Театар за деца и младинци/19:00) Скопје -  Изложба на фотографии од фото работилницата со ученици од средните училишта на Град Скопје и ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ на која ќе бидат доделени и наградите. (Изложбен салон на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“/12:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***        

Остани поврзан