• недела, 22 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
9 октомври 2021  Локални избори 2021  Дебар/Струга/Охрид - Изборни активности на караванот „Најдоброто за мојата општина“ предводен од СДСМ е меѓу граѓаните на Маврово Ростуше, Дебар, Вевчани, Струга, а на централниот настан ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Сашо Јанкоски (Плоштад Вевчани/14:00), во Струга ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Димче Шипинкаровски (Ракометно игралиште/16:30), во Охрид ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Константин Георгиески (Парк во х.„Палас“/20:00) Скопје - Во рамки на вториот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ќе се обратат потпретседателот Оливер Спасовски и кандидатот за градоначалник Асан Ферат. (Шуто Оризари/18:00) Прилеп/Велес - Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Росоман (Центар на Росоман/16:30), во Градско (Амфитеатар во паркот/18:00), во Чашка (Плоштад во Чашка/19:30) и во Велес (Плоштад Срмаале/21:00) Прилеп - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе дадена изјава за медиумите. (Градски плоштад/12:30)
Гостивар - Прес-конференција на ДУИ. (улица на Корито на излезот од Чегране/12:00)
Скопје - Изјава за медиуми на кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром, Александар Филиповски. (Промотивен штаб на СДСМ во Аеродром, до Т.Ц. „Лиса“, над „Жито маркет“/11:00)
Скопје -  „Твоја партија“ ќе ја претстави програмата за општина Центар и град Скопје. (Фонтана Градски Парк/11:00) Охрид/Струга/Ресен/Дебрца - Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. Скопје – Митинг на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Петар Георгиевски – Камиказа, поддржан од партијата Левица. (Кисела Вода, Расадник/18:00) Тетово - Изборни активности на БЕСА. (Боговиње/19:30) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан