11 мај 2022
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 71 седница. (Голема сала/12:00)
Скопје - Работна посета на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Косово. (Сала на Уставна комисија/10:00)
- Средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (10:00-10:40)
- Средба со претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Миле Талевски и членовите. (10:45-11:30)
Маракеш - Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ќе учествува на редовниот министерски состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС, кој се ко-организира од Мароко и САД, и ќе се одржви во Маракеш, Мароко.
Скопје - Седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија. (Уставен суд/9:30)
Скопје - Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ ќе одржи свечена церемонија по повод одбележувањето на приемот на осмата генерација на слушатели во почетната обука на Академијата. (Врховен суд, свечена сала/12:00, изјави за медиуми/12:35)
Битола - Меѓународен научен собир „Третманот на осудените лица: Како до успешна ресоцијализација низ искуството на различни пенитенцијарни системи“. (Правен факултет-Битола/10:00, изјави за медиуми/9:50)
Скопје - Фондацијата „Метаморфозис“ ќе одржи онлајн презентација и дебата на тема „Администрирањето со администрацијата, клучен предуслов за реформите“ (https://forms.microsoft.com/r/NeZbNkDcSw/11:30)
Скопје - Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) ќе ги презентира резултатите од проектот „Пријателски места за аутизмот“. (Музеј на македонската борба/13:00)
Скопје - Настан „Недела на женското здравје“ во организација на Македонската асоцијација на гинекколози и опстетричари-МАГО. (Младински културен центар/11:00-12:00, изјави за медиуми/11:00-11:15)
Скопје - Презентација на наодите од спроведеното „Истражување на Младинските трендови“ во организација на Агенцијата за млади и спорт. (Простории на Американскиот универзитет на Европа-ФОН/11:00)
Скопје - Панел-дискусија на тема „Институционална поддршка како клуч за младински развој” во организација на Волонтерскиот центар Скопје. (Дом на култура „Билјана Беличанец“, Општина Кисела Вода/11:00)
Битола - Прес-конференција за Интернационален фестивал на монодрама. (Центар за култура/12:00)
Скопје - „СРАМ“ - перформанс на Ангела Стојановска. (Public Room/20:00)
Куманово - Работилница за филмска критика насловена „Матрица” менторирана од Сунчица Уневска и Гена Теодосиевска, во организација на „Аквариус” – Скопје. (Занаетчиски дом/16/00)
Скопје - Поетско читање со Јовица Ивановски, Елизабета Баковска и Тихомир Јанчовски. (КИЦ, Изложбениот салон „Империјал“ 1/20:00)
Куманово - Промоција на збирката поезија „Дождови“ од Сузана Божиновска. (НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“/20:00)
Скопје - НУ Турски Театар ќе ја изведе репризата на претставата „ Галеб “ од Антон Павлович Чехов, во режија на Нела Витошевиќ. (Театар Комедија/20:00)
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
Скопје - Премиера на претставата „Пациенти“ во режија на Ѓорѓи Ризески. (Културно информативен центар, Салон 19:19/20:00)
Скопје - Изведба на операта „Норма“ од италијанскиот композитор Винченцо Белини во рамки на 50. Мајски оперски вечери. (Национална опера и балет/20:00) ___________________________________________________________________________***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***