• петок, 05 јули 2024
МИА Најави МКД
27 август 2021 Битола – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи ќе присуствува и ќе се обрати на настанот за одбележување на Денот на рударите. (Во кругот на РЕК Битола /12:30) Тетово – Министерот за економија Крешник Бектеши и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ќе бидат во работна посета на Тетово. (Посета на компанијата „Кипер маркет“ /9:30, изјави за медиумите пред управната зграда на „Кипер маркет“, с. Желино, ул. „104“ бр. 140 /10:00), а со градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи ќе го означат почетокот на изградбата на бул. „Благоја Тоска“ – Тетово, (изјави за медиумите /11:00) Охрид - Министерот за одбрана и заменик премиер на Република Словенија Матеј Тонин во официјална посета на Република Северна Македонија, на која домаќин е министерката Радмила Шекеринска. (Изјави за медиумите на терасата на вила „Охрид“ /10:00, медиумите да пристигнат најдоцна /8:40) Скопје – Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе извршат увид на градежните активности на улица „Париска“. (Изјави за медиумите на ул. „Париска“, кај кружниот тек во близина на гимназијата „Георги Димитров“ /10:30) Штип – Потпишување договор за соработка меѓу Факултетот за туризам и бизнис логистика, Универзитетот „Гоце Делчев“ и Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони претставувана од директорот Јован Деспотовски. (Ректорат на УГД /13:30) Скопје – Прес-конференција на која ќе биде промовиран кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода на граѓанското движење ДОМ и ЛДП. (кај Студентскиот дом „Пелагонија“ /11:00) Гостивар – Прес-конференција на Граѓанската иницијатива „Гостивар што го сакам“ (Gostivari që dua). (На Плоштадот /11:00) Скопје – Дводневен летен филмски настан насловен Chill out во рамките на Скопје Синема Сити. (Кинотека на Македонија/ 19:00) Битола – Со изложбата „АЗБУКА“ на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, на Широк Сокак, се затвора 17-тото издание на Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“. (пред пицеријата „Де Ниро“ /19:00) Скопје – Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, Споменикот на природа „Слатински Извор“ и Македонското Еколошко Друштво, организираат онлајн работилница „Ноќ на лилјаците“. (https://www.facebook.com/events/355589266274413/?ref=newsfeed  / 19:00) Скопје – „Маска или преобразба на изопаченото“ - изложба на Бранкица Јордановска во рамки на 11. издание на „Здраво млади“. (Во паркот зад МКЦ) ______________________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан