• петок, 20 декември 2024
МИА Најави МКД
29 јули 2020  Прилеп - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски ќе одржат прес-конференција. (Изјави за медиуми на ул.„Мице Козар“/11:30)

Скопје - Втор јавен настан од серијата „Дигитални предизвици за општествена трансформација“ во организација на Фонд за иновации и технолошки развој. (Жена парк спроти ФИТР /11:30)

Скопје - Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе одржи брифинг со новинарите. (Сала до Кабинетот на градоначалникот/13:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши ќе присуствуваат на означување на почеток на активностите на хортикултурно уредување во Општина Карпош. (Влез на ТЦ „Лептокарија“, Карпош 3, изјави за медиумите/10:30)

Битола - Стручно-научен собир „Академски такт за фолклорот и етнологијата“. (Центар за култура/10:00) Битола - Концерт „Фолклорен мозаик“ на фестивалот „Илинденски денови“. (Завод и Музеј, пацио/20:30) _______________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан