20 јуни 2022
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)
Скопје - Финската премиерка Сана Марин во еднодневна работна посета на Северна Македонија:
- пречек на платото пред Владата/14:15.
- средба со премиерот Димитар Ковачевски.
- прес-конференција на Ковачевски и Марин/15:15.
- средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Сала „Длаборез“/15:45 – 16:15)
Скопје - Прес-конференција на Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). (РКЕ/11:00)
Скопје - Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) ќе го презентираат документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“ („Јавна соба“/10:30)
Скопје - Промотивен настан на новата дигитална платформа за вести на турскиот јавен медиумски сервис - ТРТ Балкан. (Куршумли ан, Стара чаршија/19:00)
Скопје - Медија дружба со тимот на турската серија „Balkan Ninnisi“ која се снима во Скопје, а на која ќе бидат презентирани активностите на серијата и запознавање со дел од главните турски актери, како и режисерскиот и продуцентски тим на серијата. (Three Kitchen Bar/11:00)
Скопје - Отворање на изложбата на „Ателје за цртање и сликање“. ( Галерија„КО-РА“ - голем салон/19:00)
Скопје - Промоција на монографијата „Димов Гроб некропола од доцното бронзено време“ од авторот Златко Видески. (Археолошки Музеј на Република Северна Македонија/12:00)
________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***