• петок, 28 јуни 2024
МИА Најави МКД
7 август 2021 Скопје – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби ќе учествува на панел дискусијата: „Култура 20 години по Охридскиот договор “, по повод одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот договор. (Даут пашин амам/ 10:00)
Скопје – Прес-конференции на Центарот за управување со кризи. (пред зградата на ЦУК/ 10:00 и 17:00) Виница – Четврти традиционални иселенички средби во организација на Здружението Камен мост од Канели, Италија. (во манастирот „Св. Спас“ во село Драгобрасте/ 12:00) Охрид – Солистички концерт на пијанистот Александар Штаркман на „Охридско лето“. (црква „Св. Софија“/ 21:00) Охрид – ДОПИРОТ, дел од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ, проект на кураторот Ана Франговска, во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија и партнерство со Британскиот совет и „Лукс“. (пред Центарот за култура „Григор Прличев“/ 20:30) Дојран – Прво издание на Дојран Рок Фест. (на плоштадот во Стар Дојран/ 21:00)

Остани поврзан