• сабота, 28 септември 2024
МИА Најави МКД
9 септември 2022 Скопје - Претседателот Стево Пендаровски е домаќин на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија: - Церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести (9:30, новинарските екипи да пристигнат најдоцна/ 8:45) - Тет-а-тет средба (9:40) - Пленарен состанок на делегациите (10:00) - Заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателот Матарела (10:45) - Полагање на венци на гробот на Гоце Делчев (12:35, сниматели и фоторепортери во црквата „Св. Спас“/ 12:10) Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе се сретне со италијанскиот претседател, Серџо Матарела. (сала „Длаборез“/ 11:40-11:55) Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 85-та седница на која ќе се обрати претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. (сала „Македонија“/ 12:00 – 12:20) Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00) Скопје - Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети ќе оствари средба со претседателот на Демократската Партија на Косово Мемли Красниќи (Собрание на Република Северна Македонија /14:00)  Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи брифинг со новинари во врска со мерките кои се преземаат за справување со енергетската криза (Министерство за економија, сала на прв кат /11:30, по брифингот изјави за медиуми).Скопје – Конференција: „МКБГ2023: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво“, на која свечено ќе му биде доделена титулата почесен доктор на науки (Doctor Honoris Causa) на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија. (простории на Американскиот универзитет на Европа – ФОН/ 10:00, изјави за медиумите/ 11:00) Охрид – Презентација на тема: „Метаверзум – судир на реалности и раѓање на нов свет“ со проф. д-р Анис Сефиданис. (простории на Касарна Хаб, поранешна касарна „Радојца Новичиќ“ бб/ 18:00) Скопје – Започнува  25. издание на Скопје филм фестивал со изложба на плакати и проекција на канскиот победник „Триаголник на тагата“. (галерија на Кинотека/ 19:00, 20:00) Скопје – Шесто издание на мултимедијалниот фестивал „АртАреа/ Артерија“. (кафе-книжарницата „Буква“/ 19:00) Тетово – Во рамките на МТФ Скупифестивал 16 едиција 2022, театарот „Александар Моисиу Драч“ од Албанија ќе ја изведе драмата „Брак“. (Дом на културата/ 21:00) Велес – Фестивал на џез, ворлд и современа музика на кој ќе настапат Дина Јашари со нејзините другари, Сашко Костов со својот бенд и „Едит Поинтс“. (во и пред театарот „Ј.Х. Џинот“/20:00) Скопје – Изложба на детски цртежи „Нацртај ме Бугарија, нацртај ме Македонија“. (Национален прес-клуб на БТА / 9:00) Скопје - Отворање на изложбата „Човек се троши неусетно“. (Галерија „Метаноја“/18:00) Демир Капија – Изложба „Како пораснав?“ на визуелната уметница Симона Манчева. (Музеј на виното“) Битола - Самостојна изложба на Владо Ѓорески „Атланти и хипербореа“ (Културно-информативен центар Битола /12:00) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан