• понеделник, 01 јули 2024
МИА Најави МКД
10 јуни 2022  Солун - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа.

Скопје - Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. (пристигнување на делегацијата во Министерство за економија/11:00)

- Билатерална средба на министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Сташа Кошарец

-Потпишување на билатерални договори за економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина и Договор за соработка во областа на туризмот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина по завршување на билатералната средба. (11:30, можност за видео-инсерти) -Изјави за медиуми на двајцата министери. (пред влез на Министерството за економија/11:40)
Охрид - Панел дискусија на тема „Предизвиците и современите трендови во планинското спасување во Европа“ организирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам" финансиран од Европската Унија, Програма за прекугранична соработка. (хотел „Нова Ривиера“/11:00, изјави за медиуми по поздравните говори)
Скопје - Почеток на „Неделата на јапонски филм“ на кој ќе присуствува амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада. (Кинотека на Северна Македонија/21:00) ————————————————————————————————————————— ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***    

Остани поврзан