• среда, 03 јули 2024
МИА Најави МКД
25 јануари 2021  Скопје - Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6 / 12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Сала „Борис Трајковски“ / 14:00) Скопје - Средба на амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан, со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски. (Собрание на РСМ / Сала на Влада /11:00) Брисел - Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи во работна посета на Брисел и на средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земјата претседавач со Советот на ЕУ. Скопје - Коалицијата „Сите за правично судење“ организира завршна конференција за промоција на финална анализа, во рамки на проектот „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“. (https://zoom.us/j/97740725094?pwd=enhGd2xTa0ZqdjZKRUd1Y24yZWdEQT09 / 14:00)

Скопје - Црвен крст на Град Скопје и Општинската организација на Црвен крст Центар, во соработка со Институтот за трансфузиска медицина, организираат традиционална крводарителска акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител Тоше Проески. (хол на Дом на АРМ / 9:00-17:00)

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, за поставување заштитни паравани во основните училишта во Чаир како заштитна мерка од КОВИД-19. (ОУХасан Приштина“ / 11:00)
________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини**

Остани поврзан