• понеделник, 20 мај 2024
МИА Најави МКД
25 декември 2020 Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја продолжи 19. седница. По завршување на оваа ќе продолжи со работа по 20. седница.(11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Сала „Борис Трајковски“/13:00) Скопје - Прес-конференција на министерот за правда Бојан Маричиќ. (на македонски јазик  и   на албански јазик /10:00)   Скопје - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, ќе ја посетат депонијата во Визбегово. (Изјави за медиумите во 12:30 на депонијата на следната локација https://bit.ly/3aNoWXo) Скопје - Јавна Седница на Агенцијата за пошти за 2020 година. (https://zoom.us/j/97219347346?pwd=SE1iSGU2VTQrQy9xVGFSdVJTTUpBUT09/11:00) Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку видео конференциска врска ќе го одржи последниот јавен состанок за 2020 година.(12:00)
Скопје - Аналитика ќе ги презентира резултатите од регионално истражување на тема: „Потрошувачка на тутун и тутунски производи во Северна Македонија, пушачките навики на граѓаните и даночната евазија во трговијата со тутун во РС Македонија“. (https://us02web.zoom.us/j/87020337857?pwd=YmpsUHlhUFlUWG13c1VUNXlHN2NBdz09/11:00)
Скопје - Конференција на ЦИВИЛ „Перспективи 2021“ - Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за Северна Македонија во претстојната година?.(Фејсбук профилот, видео каналот на ЦИВИЛ/12:00)
Скопје - Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ќе го пушти во употреба реконструираното детско игралиште во ЈУДГ „Кочо Рацин“ – клон Наум Наумовски Борче. (11:00)
Куманово - Прес-конференција на Интегра - Македонска конзервативна партија. (ресторан „Кобра“-Куманово/11:55)
Скопје - Прес-конференција на Јована Мојсоска, член на Президиумот на Левица пред Основното јавно обвинителство. (11:00)
Скопје - Концерт на виолинистот Бојан Илкоски и Дино Имери на пијано. (камерна сала на Филхармонија/20)
Скопје - Отворање на изложбата „Скопје пред 8 милениуми-4: Занаетчии и земјоделци од Церје - Говрлево“. (Музеј на град Скопје- галерија Белогаски/12:00)
  ___________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан