• петок, 28 јуни 2024
МИА Најави - МКД
24 јуни 2020  Скопје - Прес-конференција на премиерот, Оливер Спасовски (09:45) која може да се следи во живо на https://www.youtube.com/watch?v=wvGvJDXOSk8&feature=youtu.be. Скопје - Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, министерот за земјоделство, Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски ќе ја посетат компанијата „Којаконеја“ (Coyaconeya), корисник на средства од ИПАРД Програмата. (индустриска зона „Визбегово“, на ул. „1550“ бр. 54/10:00) Скопје - Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе остварат работна посета на градинката „Виножито“ во Бардовци, клон на ЈОУДГ „Распеана младост“. (ул. „10“ бр. 2А, веднаш зад ООУ „Аврам Писевски“/12:30, по обиколката следуваат изјави за медиуми) Сараево - Советот за регионална соработка (RCC) ќе го претстави Балкан барометар 2020. (https://www.facebook.com/RegionalCooperationCouncil/, https://www.youtube.com/user/RCCSec, https://www.facebook.com/events/1735976429859682/ / 15:50 - 17:30) Скопје - Медиа брифинг на Агенцијата за филм. (во дворот на ресторан „Лира“/11:00) Скопје - Промоција на книгата „Трулеж на системот“ од Ѓорѓи Илиевски. (пред платото на Приватниот универзитет за туризам и менаџмент, во Карпош/12:00) Скопје - Во рамките на програмата „Современа култура и културни политики/Други простори”, Локомотива организира предавање на Катја Празник (Словенија/САД) на тема: Невидливиот труд на уметноста: придонес кон работна еднаквост во уметноста. (https://www.facebook.com/LOKOMOTIVA-Centre-for-New-Initiatives-in-Arts-and-Culture-2387450) Скопје - Краток, средношколски игран филм „Вистината за Бади“. (online премиера на официјалната ФБ фан страна на Центар Мултус. https://www.facebook.com/MultusCentar/18:00) Парламентарни избори 2020 Струмица/Виница - Караванот на Коалицијата „Можеме“ стартува со носителите на Изборната единица 4, претседателот на СДСМ Зоран Заев и Соња Мираковска. (Струмица/19:00, Виница/20:30)
Охрид/Скопје/Струмица/Тетово - Носителите на листите на ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјави за медиуми: претседателот на партијата Христијан Мицкоски во Охрид (20:00), носителот на Изборната единица 1, Гордана Силјановска Давкова во скопската општина Карпош (пред плато на Драмски театар/ 20:00), носителот на Изборната единица 2, Владо Мисајловски во Ѓорче Петров (пред црквата Св. Петар и Павле/12:00), носителот на Изборната единица 4, Александар Николоски во Струмица (плоштад пред споменикот на Гоце Делчев/12:00), носителот на Изборната единица 5, Игор Дурловски во село Велгошти (17:00) и носителот на Изборната единица 6, Дафина Стојаноска во Тетово (пред црквата Св. Кирил и Методиј/12:00)
Крани - ДУИ ќе ја почне изборната кампања во Преспа со промотивна конвенција на кандидатите за пратеници. (одморалиште Крани/13:00) Скопје - Политичката платформа Македонски концепт ја почнува предизборната кампања со караван кој ќе ги посети граѓаните од неколку градови, а пред тргнувањето ќе се обрати Петар Богојески, промотор на Македонски концепт. (пред зградата ЕУ Инфо центар, ул. „Св. Кирил и Методиј“ 52-в, „М. Х. Јасмин“/10:30). Битола - Прес-конференција на ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија со најава за почеток на кампањата и претставување на Програмата за претстојните парламентарните избори, а по повод формирањето на младинската организација ќе се обрати и претседателот на младинската организација на ИНТЕГРА.(х. „Епинал“, конгресна сала/11:55), панел дискусија и интерактивна дебата со јавноста во живо. (12:20-13:20), прошетка по Широк сокак и изјави за медиуми - д-р Љупчо Ристовски, претседател на ИНТЕГРА и д-р Николче Талевски, носител на изборна листа 5 (13:20-14:30), посета на Еврејски гробишта и изјава за медиуми (14:30), предвидена и изјава за загадувањето во Битола. Тетово - Отворање на кампањата на ДПА (училиште „Миѓени“/20:30), посета на гробот на Арбен Џафери (10:00), презентација на платформата (плоштад „Илирија/11:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан