14 јули 2020
Скопје - Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ и амбасадорот на НР Кина во земјава, Џанг Ѕуо ќе присуствуваат на примопредавање на донација во заштитна медицинска опрема од НР Кина. (Касарна во Ѓорче Петров/10:00, пристигнување на медиумите/9:30, изјави за медиуми)
Скопје - Француската амбасада во Скопје ќе го одбележи 14 јули - Државниот празник на Франција со положување цвеќе на Француските воени гробишта и со видео обраќање на францускиот амбасадор.
Скопје - „Дознај. Примени. Успеј.“ серија бизнис вебинари посветени на дигиталните алатки „Тековни и идни потреби од дигитални услуги за работа од далечина“ во организација на Македонски Телеком.
_______________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***