• петок, 28 јуни 2024
МИА Најави МКД
30 јуни 2020  Скопје - Вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, претставници на Министерството за труд и социјална политика, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и претставници на здружението „Хуманост“, ќе остварат средба со членови на Сојузот на здруженијата на пензионери.  (Во дворот на ОУ„Киро Глигоров“ населба Капиштец/9:00,изјави за медиуми пред ООУ „Киро Глигоров//9:30) Скопје - Вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска ќе оствари средба со извршниот директор и членови на Занаетчиската комората. (Објект на Занаетчиската комора, Стара скопска чаршија ул. „Битпазарска“ бр12/10:30, изјави за медиуми пред објектот на Занаетчиската комора/11:00) Скопје - Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, ќе одржи средба со лидерите на црквите и верските заедници споменати во Уставот на државата. (Клуб на пратеници/11:00, снимање на видео инсерти пред почетокот на средбата, по завршување на средбата ќе следи соопштение) Скопје - Со предавање на тема „Трите кризи на глобалниот неолиберализам - економијата, демократијата и здравството“ на Алфредо Саад Фиљо завршува првиот дел од програмата на годинешното јубилејно издание на КРИК фестивал за критичка култура. (Онлајн на фејсбук страната на КРИК https://www.facebook.com/KRIKfestival/ 20:00) Скопје - Отворање на изложбата  акварели „Македонски пејсажи“ на Марија Светиева. (Галерија „КО-РА“, голем салон/12:00) ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020  Велес - Караванот на Коалицијата „Можеме“ ќе одржи трибина во Велес (19:00). Гостивар - Караванот на Коалицијата „Можеме“ во Желино, Чегране и Врапчиште.

Радовиш/Струмица - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ги посети Општина Конче (17:00), Општина Радовиш (18:30), Општина Струмица (20:30).

Скопје - Активности на носителот на листата на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, Гордана Силјановска Давкова (изјава на Боемска улица/13:00 и Трибина позади Филхармонија/20:00).

Скопје - Носителот на листата на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Владо Мисајловски ќе оствари средба со граѓани. лага Вода населено место Стопански двор, Волково, изјава за медиуми/12:00)

Гостивар - Активности на носителот на листата на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 6, Дафина Стојаноска (Средби во Качамаку и изјава за медиуми/13:00 и средба со граѓани во Циглана и изјава за медими/18:00)

Скопје - Прес-конференција на носителот на листата на ДУИ во ИЕ 1, Изет Меџити (Плоштад Скендербег/11:00). __________________________________________________________________ *МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан