• сабота, 15 јуни 2024
МИА Најави МКД
26 март 2021  Делчево - Премиерот Зоран Заев, заменик-претседателот на Влада за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски ќе го посетат Делчево по повод почеток на изградба на современ градски пазар. (9:30, изјави за медиуми по презентацијата)

Скопје - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи по повод обележувањето на големиот јубилеј – 50 година од основањето на Организацијата на франкофонијата ќе ја отвори изложбата „50 години Франкофонија - поглед од Северна Македонија“, а исто така ќе одржи и прес- конференција. (МНР/12:00, пристигнување на медиумите/11:40)

Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе одржи средба со командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, по средбата ќе  одржат прес-конференција. (Министерство за одбрана/14:00, пристигнување на медиумите/13:40) Штип - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорот на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон и постојниот претставник на УНДП Нарине Сахикјан ќе го посетат Универзитетот „Гоце Делчев“ каде што ќе биде промовирана новокупената опрема во рамки на проектот дизајниран за решавање на загадувањето на воздухот во Скопје. (Универзитет „Гоце Делчев“, простории на Научно-истражувачки центар, Кампус 2/10:10, изјави за медиуми пред Кампус 2/10:30) Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе го посети ОУ „Петар Поп Арсов“. (нас. Карпош 4, ул. „Трифун Бузев“ бр.2, изјави за медиуми/10:30)
Скопје - Конференција на тема „Значењето на пописите на населението за Бошњаците во Македонија и регионот“, во организација на Координативното тело на бошњачките организации за Попис 2021. (х.„Хилтон“, сала за конференции/16:00, изјави за медиуми пред почетокот на конференцијата)

Скопје - Дебата на тема „Правото на државјанството и без државјанството во Република Северна Македонија“ во организација од Институтот за јавни политики „Арбен Џафери“. (Јавна соба/13:00)

Скопје - Прес конференција на Левица. (Пред Уставен суд/13:00)

Скопје - Независниот синдикат на земјоделци и сточари ќе одржи прес-конференција. (Пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство/11:00)
Скопје - Директорот на Агенција за филм на С. Македонија, Бојан Лазаревски ќе одржи средба со новинари на која ќе информира за резултатите од последните конкурси. (р.„Лира“/13:30)
Скопје - Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе одржи прес-конференција. (http://vlada.mk/10:30)
  _____________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан