• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
22 септември 2020 Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 13 седница. (Голема сала/11:00) Скопје -  Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе оствари средба со генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу. (Собрание на РСМ, стар кабинет/10:00). Брисел - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, ќе престојува во работна посета на Брисел.

Скопје - Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски ќе ги презентира проектите избрани на јавниот повик Стартапувај 2 наменет за поддршка на стартап компании. (Тераса на Музеј за современа уметност/19:00)

Куманово - Директорот на CEFTA Секретаријатот, Емир Ѓикиќ,  директорот на ЕУ Транспортна заедница Матеј Закоњшек и генералниот секретар на Советот за регионална соработк, Мајлинда Брегу ќе го посетат граничниот премин Табановце. (ГП Табановце/12:00, изјави за медиуми)

Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе ја посети детската градинка „Мајски цвет“. (Тафталиџе 1, ул.„Варшавска“ бр.15, изјави за медиуми/10:30)

Скопје - Онлајн конференција „Потенцијали за зачувување, одржување и промоција на агробиодиверзитетот“ во организација на Фондација „Аполонија“-Гевгелија и Асоцијацијата „Ајде Македонија“. (14:00) Скопје - Онлајн разговор на тема „Млади, дроги и музика” во организација на ХОПС - Опции за здрав живот Скопје. (Фејсбук страна на ХОПС/19:00) _______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан