• петок, 28 јуни 2024
МИА Најави МКД
11 декември 2020  Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе оствари средба со грчкиот амбасадор, Димитрис Јанакакис. (Собрание, стар кабинет/12:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала „Борис Трајковски“/12:30) Скопје - Прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. (МЗШВ, голема сала/10:00) Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе одржи работна средба со претставници на тутунопроизводителите, Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и претставници на откупните компании. (СЦ „Борис Трајковски“, конгресна сала, изјави за новинари на плато пред кугланата/12:45) Скопје - Прес-конференција на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов. (Клуб на пратеници/11:00) Скопје - Прес-конференција на генералниот директор на Пошта, Јани Макрадули и Сузана Касовска Георгиева од Институтот за истражување на животната средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ). (Главната шалтер сала на Дирекција на Пошта/11:00) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 43-та седница. (на платформата ZOOM https://zoom.us/j/91815177282?pwd=SnlzdStPTmpZRHF4WkNucC9uY2I4Zz09 /10:00, а во 10:30 ќе продолжи со 42-та седница) Скопје - Панел дискусија со наслов „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“ во организација на ЦИВИЛ. (х. „Парк Резиденс“/15:00) Скопје - Семинар: „Стратешка комуникација при појава на насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам“ во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. (на платформата ZOOM https://osce-org.zoom.us/j/98733786051  /10:00) Скопје - Онлајн прес-конференција за промотивен настан за резултатите од истражувањето за транспарентност на ЈКП во Скопскиот регион - Здружение на економски новинари. (на платформата ZOOM https://us02web.zoom.us/j/87097148513  /11:00) Скопје - Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма организираат  обука за евроинтеграции. (на платформата ZOOM) Скопје - Дваесет и второ издание на „Оракл“ – Меѓународен конгрес на менаџери во културата и културни оператори во организација на Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата во партнерство со  Културната мрежа „Оракл“. (онлајн) Скопје - Оперски рецитали во пијано придружба на Андреј Наунов. (фоаје на Националната опера и балет/20:00) Скопје - Отворање на најновата изложба на Институтот за култура и уметност Арс Акта насловена ТРАУМАКУЛТУРА. (во објектот на Ариљеметал, ул. „Перо Наков“ бб/14:00) Скопје - „Мајсторисување со едноставноста“, изложба на Боро Пејчинов. (Музеј на град Скопје, Галерија Љубомир Белогаски/12:00) Белград - Македонскиот камерен состав трио АУРА ќе одржи концерт на покана од Меѓународниот фестивал БУНТ. __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан