• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
5 ноември 2021  Скопје - Собранието ќе ја одржи 51. седница. (12:00) Скопје - Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на јазикот на Ромите ќе се одржи работна средба на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инлузија и интеграција во Република Северна Македонија. (Сала „Борис Трајковски“ во Собрание/ 10:30) Скопје - Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши во официјална посета на Северна Македонија - Министерот Пелеши во Министерството за одбрана ќе биде пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска (09:35), каде по официјалната церемонија со највисоки воени почести ќе се реализира тет-а-тет средба на двајцата министри и средба на двете делегации. (Министерство за одбрана, пристигнување на сниматели и фоторепортери / 9:15) - Средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Сала на Уставна комисија/ 11:35) - Албанската делегација ќе биде примена и од министерот за надворешни работи, Бујар Османи и претседателот на државата, Стево Пендаровски. Скопје - Министерот за правда Бојан Маричиќ, претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано и програмскиот директор за Западниот Балкан во AIRE Центарот, Билјана Брајтвејт ќе одржат прес-конференција. (х.„Хилтон“/ 9:00) Тетово - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе ја посети компанијата „Еуропеан Плантс“ во село Прељубиште. (Расадник на Еуропеан Плантс,https://goo.gl/maps/Me8ca3S9c4Hm29DT8, изјави за медиуми/ 13:00) Скопје - Прес-конференција по повод кампањата „Засади желба, за поубава иднина!“ во организација на трите пензиски друштва Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје. (рест.„Пелистер“, Плоштад Македонија/ 11:00) Скопје - Градоначалникот на oпштина Чаир, Висар Ганиу ќе го прими новиот четиригодишен мандат. (Општина Чаир/ 11:00) Скопје - Прес-конференција по повод премиерата на претставата „Птица со главата меѓу нозе“, чиј автор и режисер е Коле Ангеловски во организација на Драмски театар Скопје. (10:00) Скопје - Отворање на 22. традиционална манифестација „Есенски музички свечености“ со концерт на националниот ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски. (Национална опера и балет/ 20:00) Скопје - Дигитална премиера на нов видео театарски проект THE PCR SONG. (Јутјуб/ 20:00) Скопје - Драмска претстава „Драг Вардар“. (Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“, галерија „КО-РА“/ 20:00)
Скопје - Концерти во рамки на дводневниот настан „Музички блок“. (МКЦ)
Скопје - Концерт „Мастерклас со Лајовиц“ на оркестарот на Филхармонија. (Филхармонија/ 20:00) __________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан