• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
8 ноември 2022  Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Анџела Прајс Агелер. (Кабинет на претседателот/11:00, сниматели и фоторепортери/10:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/13:00) Скопје - Протоколарна средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со новоименуваната американска амбасадорка,  Ангела Прајс Агелер. (Стар кабинет/13:30) Скопје - Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски ќе одржи средба со австрискиот европратеник Кристијан Сагарц. (Сала 5/14:00) Скопје - Настан по повод почетокот на Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (Европска куќа/11:00) Скопје -  Брифинг за медиумите на д-р Жан Митрев и неговиот правен тим. (простории на Жан Митрев клиника, Аудиториум, 3 кат/11:00, изјава за медиуми по брифингот) Скопје - Трибина „Какво време донесе ветерот во македонската книжевна стварност?“ по повод 10 години од објавувањето на антологијата „Ветерот носи убаво време“ во организација на КИЦ. (Салон – Империјал 2/12:00) Скопје - Средба со новинари по повод Светскиот ден на предвременото породување 17. Ноември во Македонија (WPD- World Prematurity Day) во организација на Лулка. (Јавна соба/10:30)  Скопје - Комеморативна седница по повод Кристалната ноќ, која во далечната 1938 година го означи и почетокот на прогонот на Евреите во Европа во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. (Институт за духовно и културно наследство на Албанците/10:00) Скопје - Вебинар: Модели за колективно финансирање на енергетска транзиција. (Zoom/10:00) Скопје - Отворање на изложба „Сè што ни е заедничко“ (Sa so si amenge jekhethane/All That We Have in Common). (Музеј на современа уметност/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Дијагноза“ на Драги Неделчевски. (Галерија „Ко-Ра“, голем салон/20:00)

Битола - Ноемвриска ликовна изложба на Друштво на ликовните уметници-Битола. (Завод и Музеј, мала сала / 20:00) Штип - Откривање мурал на Божидар Симоновски. (Дом на млади/16:00) Скопје - Концерт на пијанистот Дино Имери.(Камерна Сала на Филхармонија/20:00)  Скопје - Агенцијата за млади и спорт  ќе одржи прес-конференција по повод вториот пакет-активности од Проектот „ Европска недела на спортот". (Агенција за млади и спорт/10:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан