• сабота, 29 јуни 2024
МИА Најави МКД
9 октомври 2020  Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи петнаесетата седница. (Голема сала /12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“ /12:00) Скопје - Членовите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија Фаик Арслани, Антонио Јолевски, Коле Штерјев и Фиданка Рајевска, ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Сала на Влада /9:30) Скопје - Проштална средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери со романскиот амбасадор Виорел Станила. (Стар кабинет /10:00) Софија - Официјална посета на министерот за надворешни работи Бујар Османи на Република Бугарија. Скопје - По повод месецот на хуманоста министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во општина Гази Баба ќе се вклучи во акцијата за донирање. (Нас.Автокоманда, пред маркет Кит-Го, ул.„Јани Лукровски“/10:00, изјави за медиуми) Тетово - Претседателот на ДПА, Мендух Тачи ќе се сретне со амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Кристиан Тимоние. (Седиште на ДПА/11:30, изјави за медиуми по средбата) Скопје - Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и претседателот на здружението Го Грин, Антонио Јовановски ќе одржат прес-конференција. (Сквер Јадран/13:00) Скопје - Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ  ќе одржи промоција на нов туристички водич и мобилна апликација на пет јазици, вебсајт и промотивни сувенири за новата туристичка тура Монументал МК – Споменици и бруталистичка архитектура. (х.„Солун“/12:00, изјави за медиуми/12:00-12:15) Скопје -  По повод 11 Oктомври, Денот на народното востание на македонскиот народ ќе биде поставена изложбата „Записи од АСНОМ“. (Музејот на РС Македонија) Битола - Музички рецитал на „Интерфест“ со Пјетер Гуралуми, виолончелист од Албанија и Марија Ѓошевска, пијано Северна Македонија. (Завод и Музеј/20:00) Скопје - Гала оперски концерт на кој ќе диригира Иван Еминовиќ. (Национална опера и балет/20:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан