• недела, 29 септември 2024
МИА Најави - МКД
23 април 2021 Скопје - Премиерот Зоран Заев и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски ќе ја посетат американската компанија за производство на електронски компоненти „Кемет Електроникс“. (Технолошко индустриска развојна зона 1 - Бунарџик/12:30, изјави за медиуми/13:00) Вилнус - Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и  министерот за надворешни работи на Литванија Габриелиус Ландсбергис ќе одржат прес-конференција. (https://www.facebook.com/urministerija/10:40)

Приштина - Министерот за надворешни работи Бујар Османи во официјална посета на Република Косово.

Скопје - Вакцинација на пратениците од Собранието, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација. (СЦ „Борис Трајковски“/10:00-18:00)

Скопје - Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ ќе одржат прес-конференција. (Пред простории на ДКСК, ул.„Даме Груев“ бр.1/10:00)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го одржи второто продолжение на 47 седница. (https://zoom.us/j/95734415542?pwd=eWhLV2sycEdPckkrdUV0azJxYVFndz09/11:00) Скопје - Сојузот на синдикатите на Македонија ќе одржи прес-конференција на која онлајн ќе се обратат претседателот на ССМ, Дарко Димовски, директорката на ДИТ, Јована Тренчевска и координаторот на Меѓународната организација на трудот, Емил Крстановски. (ССМ, сала за состаноци, 6 кат/10:00) Скопје - Директорот на СУ „Сету Михајло Пупин“ Димитар Ѓорѓиев и генералните директори на компаниите АД Електрани на Северна Македонија, ЛИБЕРТИ АД Скопје, Раде Кончар Контактори и релеи доо, МАСАК СОЛУТИОН ДОО и ПримеПоинт ДОО Скопје ќе одржат прес-конференција на која ќе потпишат Договор за соработка во дуално образование. (СУ „Сету Михајло Пупин“, изјави за медиуми/11:00-11:30, пристигнување на медиумите/10:45) Скопје - Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски ќе одржи прес-конференција. (http://vlada.mk/11:00) Демир Хисар - Библиотеката „Ал-Би“ с. Бабино и ОУ „Гоце Делчев“ во Демир Хисар со онлајн активности ќе го одбележат 23 Април - Светскиот ден на книгата и авторското право. Битола - Изложба на фотографии и документи од МНД-Битола - „Наши Години“. (Центар за култура/13:00) _________________________________________________________________   ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан