• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
31 јули 2021  Валандово - Премиерот Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, градоначалникот на Валандово Перо Костадинов и заменик-амбасадорот на Германија во земјава, Ото Граф, ќе се обратат по повод реализацијата на втората фаза на „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар“. (с.Удово/10:00) Гевгелија - Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче ќе направат увид на реконструираната општа болница во Гевгелија. (Општа болница во Гевгелија/11:30, изјави за медиумите/12:00) Скопје - Тимот на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите организира петчасовен настан насловен „Ден за сеќавање на Холокаустот врз Ромите“. (Градски парк, Школка/17:00) Скопје - Политичката партија ДЕМОКРАТИ и Работничката партија ќе одржат прес-конференција. (Пред Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги/10:00) Охрид - Тридневен АЛАРМ фест 2021. ( https://www.facebook.com/AlarmFest) Ресен - Мултимедијален фестивал „Преспаленд“. _________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини    

Остани поврзан